Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешниот водител на „Фокс њуз“ Пит Хегсет избран за министер за одбрана на САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Поранешниот водител на „Фокс њуз“ Пит Хегсет избран за министер за одбрана на САД
СВЕТ

Поранешниот водител на „Фокс њуз“ Пит Хегсет избран за министер за одбрана на САД

Објавено January 25, 2025 09:32
Сподели
Сподели

Пит Хегсет со тесно мнозинство е избран за министер за одбрана на САД. Педесет сенатори гласаа „за“, но ист толкав број гласаа „против“. Поради изедначениот резултат од гласањето, одлуката ја донесе потпретседателот Џеј-Ди Венс.

Сите демократски сенатори гласаа против кандидатурата на Хегсет, како и тројца републикански сенатори. Вторпат во историјата за кандидат за министерско место да се одлучува со гласање на потпретседателот. Првпат се случи во 2017 година кога Бетси ДеВос стана министерка за образование.

Хегсет (44), поранешен водител на „Фокс њуз“ и одликуван ветеран, ветува големи промени во Пентагон.

Откако беше објавена неговата кандидатура, критичарите ги доведуваат во прашање неговите квалификации за функцијата, укажаа на проблематичната природа на неговиот темперамент, како и неговите минати ставови за жените во борбените единици.

За време на процесот на одобрување за неговата кандидатура, се појавија низа обвинувања против Хегсет, како за семејно насилство, а обвинет е и за прекумерно консумирање алкохол и финансиско лошо управување во организациите на ветераните.

Тој вети дека ќе се воздржи од алкохол доколку биде избран за министер и призна грешки во финансиското управување, но негираше дека сторил нешто лошо.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ангел си ти“ – Крушево со љубов и музика го слави роденденот на Тоше Проески
Следна Статија Дете управувало со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага против таткото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кина ги прекина односите со чешкиот претседател бидејќи се сретнал со Далај Лама

Кинеската влада соопшти дека ги прекинува сите врски со чешкиот претседател Петр Павел бидејќи неодамна се сретнал со Далај Лама.…

August 12, 2025
СВЕТ

Aмериканските напади не ги уништија иранските нуклеарни постројки, покажува првичната разузнавачка проценка

Првичната разузнавачка проценка на американските напади врз трите ирански нуклеарни постројки во Тананц, Фордо и Ифхасан покажа дека тие не…

June 25, 2025
СВЕТ

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не планира да се кандидира за трет мандат како шеф на државата, иако…

May 4, 2025
СВЕТ

Трамп: Храбриот Зеленски се снаоѓа прилично добро во војната со Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп во средата упати пофалби за Володимир Зеленски, нарекувајќи го својот украински колега „храбар“ и изјавувајќи…

June 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?