Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен ‒ девизните резерви се зголемени за 40% за пет години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен ‒ девизните резерви се зголемени за 40% за пет години
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен ‒ девизните резерви се зголемени за 40% за пет години

Објавено October 24, 2024 18:09
Сподели
Сподели

Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години исполнети со шокови невидени досега, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишните средби на ММФ и Светската банка, во интервјуто за Гласот на Америка.

„Ова се поволни трендови коишто говорат за натамошно јакнење на општата макроекономска политика и стабилноста на домашната валута. Причините се поповолните надворешни случувања, особено во сегментот на странските директни инвестиции, коишто за првата половина од годината изнесуваат 500 милиони евра, но ова покажува дека се стабилни и очекувањата на домашните економски субјекти“, посочува гувернерката.

Зборувајќи за инфлацијата, Ангеловска-Бежоска истакна дека во светски рамки и кај нас, сведочиме за постабилни инфлациски движења, односно стабилизирање на инфлацијата. „За ова има две причини ‒ првата е значителното стабилизирање на цените на примарните производи, особено на енергентите и на храната на светските берзи, а вториот фактор е справувањето на централните банки со овие инфлациски движења. Така, како резултат на овие фактори, најновите податоци кај нас упатуваат на значително намалување на инфлациските притисоци. Според податокот за просечната инфлација од почетокот на годината заклучно со септември, таа изнесува 3,3% и во основа е во согласност со очекувањата на Народната банка за просечната годишна стапка за 2024 година од 3,5%, а и во согласност со најновите очекувања на ММФ за просечна инфлација од 3,3%. Меѓутоа, сепак би истакнала дека ризиците постојат и потребно е внимателно водење на политиките во натамошниот период“, посочува гувернерката.

Осврнувајќи се на состојбите во банкарскиот сектор, Ангеловска-Бежоска посочи дека и покрај шоковите во изминатиот период, стабилноста на банкарскиот систем беше задржана дури и зголемена отпорноста, што може да се види преку повеќе показатели. Адекватноста на капиталот, како показател за солвентноста на банкарскиот систем, достигна 19%, што е највисока стапка во изминатите две децении, додека квалитетот на банкарските инструменти е значително зголемен, посочува гувернерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фестивалот на виното по 14-ти пат во Скопје
Следна Статија Ептен се опарил: Таксист во Сплит му наплатил 200 евра по километар на странски турист

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Минималната плата ќе се зголеми за 1500 до 2000 денари во март

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека нема да донесат одлука за минималната плата под притисок, а во…

December 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ФОТО) Мицкоски на средба со претставници од Германско-македонската стопанска комора

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на настан организиран од Германско-македонската стопанска комора, кој, како што вели бил одлична можност за…

November 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Најден инвеститор за велешка Колска

Фирмата „Трени Балкани Кочи Дентали“ е избрана на денешното прво рочиште во велешкиот Основен суд со изјаснувaње на сите околу…

March 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, уверува премиерот

Ставот на Владата е дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање и дека детектирани се проблемите, Владата…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?