Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска на конференција во Приштина: Индексот на финансискиот развој на ММФ ја позиционира нашата земја меѓу најдобро рангираните во регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска на конференција во Приштина: Индексот на финансискиот развој на ММФ ја позиционира нашата земја меѓу најдобро рангираните во регионот
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на конференција во Приштина: Индексот на финансискиот развој на ММФ ја позиционира нашата земја меѓу најдобро рангираните во регионот

Објавено November 16, 2024 23:01
Сподели
Сподели

„Индексот на финансискиот развој на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој го отсликува опсегот, пристапот и ефикасноста на финансиските институции и финансиските пазари, за нашата земја изнесува 0,26, што не позиционира меѓу најдобро рангираните во регионот. Ова покажува забележителен напредок во нивото на финансиското посредување и неговото унапредување. Сепак се уште постои јаз во однос на земјите од Европската Унија, што укажува на потребата за понатамошно финансиско продлабочување, преку коешто ќе се забрза и процесот на доходна конвергенција кон ЕУ “. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која заедно со вицегувернерот Фадил Бајрами учествуваше на конференцијата „Премостување граници, градење иднина: интеграција во СЕПА за финансиска инклузија“, којашто се одржа во Приштина, Косово, во организација на Централната банка на Косово по повод 25-годишнината од нејзиното формирање.

Гувернерката посочи дека банкарскиот сектор остана потпора на економиите во регионот и за време на последната инфлациска криза. Зборувајќи за домашниот банкарски сектор, Ангеловска-Бежоска истакна дека тој оствари највисок раст на адекватноста на капиталот во регионот, нефункционалните кредити се на историски најниски нивоа, додека ликвидноста останува висока. Сепак, за да се постигне побрза конвергенција и за да се зголеми потенцијалот за економски раст, потребен е понатамошен развој на финансискиот систем со повеќе алтернативи за финансирање.

„ Земјите во регионот имаат релативно ниска стапка на домашно штедење, при што домашните пазари на капитал се плитки и не нудат доволно финансиски алтернативи. Оттука, финансирањето на структурната трансформација на економиите наметнува потреба од дополнителни извори, како на пример влез на странски капитал, вклучително и во банкарскиот систем, поттикнување на домашното штедење, искористување на странската готовина во оптек во овие земји за продуктивни цели, меѓународно финансирање. Во овој контекст, понатамошната консолидација и дигитализација на банкарскиот систем, како и понатамошното усогласување со европските стандарди ќе ја зголеми неговата конкурентност, овозможувајќи побрза интеграција со финансиските системи во ЕУ“, порача гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што додаде дека земјите од регионот се посветени на овој процес преку пристапувањето кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА).

Претставниците на меѓународните финансиски институции коишто присуствуваа на конференцијата искажаа поддршка за заложбите на централните банки од регионот за усогласување на националната правна рамка со европската, што е предуслов за пристапувањето во СЕПА.

На конференцијата, беше ставен фокус и на модернизацијата на платните системи кои се клучни за јакнењето на економските врски помеѓу државите во регионот. Членството во СЕПА, носи мноштво на придобивки, како за граѓаните, така и за стопанството преку намалување на трошоците и времето за прекуграничните трансакции. Нашата земја, Албанија и Црна Гора имаат висок степен на усогласеност со правната рамка на ЕУ и се првите три земји од Западен Балкан коишто наскоро очекуваат одговор на барањата за скорешно пристапување во СЕПА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германската опозиција го обвини Шолц дека ја поттикнува руската пропаганда
Следна Статија Здраво брашно кое можете да го направите сами: Омилено меѓу спортистите и дијабетичарите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: По реконструкција на Коридорот 10, патничките возови со брзина од 160км/ч

Инфраструктурен бум најавува премиерот Христијан Мицкоски. Реконструкција на Коридорот 10 во железницата што ќе доведе до побрз транспорт на патници…

May 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот кредит следната недела ќе легнат на девизната сметка на Министерството за финансии

Парите од договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка што денеска во Будимпешта во име на…

October 8, 2024
ЕКОНОМИЈА

Форбс: Илон Маск стана првиот човек со богатство од 500 милијарди долари

Илон Маск стана првата личност чие нето богатство се проценува дека достигна 500 милијарди долари, според американското списание „Форбс“, кое…

October 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски верува дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за извоз во САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?