Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните

Објавено October 31, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка остварија средба со директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова и нејзиниот тим. На средбата беше дискутирано за новиот Единствен регистар на сметки кој се очекува да биде воспоставен согласно одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи. Овој регистар ќе содржи податоци и информации за платежни сметки, депозити и сефови, до кои достапност ќе имаат релевантните државни институции во земјата, вклучувајќи ги Народната банка и Управата за јавни приходи. Достапноста до овие важни податоци и информации во регистарот ќе ја зголеми ефикасноста во извршувањето на задачите од страна на двете институции. Овој регистар се очекува особено да ја зголеми ефикасноста на процесите за присилната наплата преку обезбедување релевантни информации за платежните сметки за потребите на новиот електронски систем за присилна наплата, којшто исто така е предвидено да се воспостави согласно Законот за плетжни услуги и платни системи. Воспоставувањето на електронскиот систем за присилна наплата ќе го дигитализира и олесни процесот на комуникација помеѓу органите на присилна наплата и давателите на платежни услуги, обезбедувајќи поцелосни и понавремени информации за расположливоста на паричните средства за присилна наплата со што ќе придонесе за намалување на бројот на блокади и поголема заштита на граѓаните.

Исто така, на средбата беше истакната важноста на соработката помеѓу институциите во финансискиот систем, којашто е од суштинско значење за зачувување на макрoекономската стабилност, како и дека преку координација и споделување на финансиски податоци, засилено управување со ризикот и проактивен став против финансиските неправилности, ќе се делува кон натамошно јакнење на економската отпорност.

На состанокот во Народната банка беа разгледани иницијативи за унапредување на протоколите за размена на податоци, за полесно следење на монетарните и фискалните трендови, што ќе придонесе и кон добрата координација помеѓу фискалната и монетарната политика, но и кон борбата против неформалната економија. Беше истакнато дека двете институции се залагаат за финансиски екосистем кој поддржува отчетност, транспарентност и доверба, како основа за градење на поотпорна економија и одржлив економски раст.

Ангеловска-Бежоска и Петрова, изразија подготвеност за продлабочување на натамошната соработка помеѓу двете институции во рамките на своите надлежности за обезбедување подобар пристап до финансиски услуги на граѓаните и компаниите од нашата земја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски до Апасиев: Потпишуваш амандмани со Северна, од истата земаш плата и ја финансираш партијата, додека уживаш на егејските плажи
Следна Статија Потврден нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

MacBook Pro по невероватна цена: Можете да го добиете за само 400 долари

Брза понуда која нема да трае долго - не пропуштајте ја шансата!

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните ќе заштедуваат од 50 до 60 милиони евра со влезот на Македонија во СЕПА, појасни премиерот

Со влезот на Македонија во СЕПА, граѓаните ќе заштедуваат од 50 до 60 милиони евра и дотаците нема да се…

March 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото туристичко вештачко езеро

Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, со што источниот дел на државата наскоро ќе…

March 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Граѓани и фирми должат 36 милиони евра на град Скопје за даноци и такси

Граѓаните и компаниите на Град Скопје му должат над 36 милиони евра за данок на имот и комунални такси, соопштија…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?