Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Авионот што наводно го превезувал сирискиот претседател исчезнал од радарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Авионот што наводно го превезувал сирискиот претседател исчезнал од радарите
СВЕТ

Авионот што наводно го превезувал сирискиот претседател исчезнал од радарите

Објавено December 8, 2024 11:51
Сподели
Сподели

Последниот авион што полета од Дамаск, пред сириските бунтовници да го преземат градот, исчезна од радарите веднаш по полетувањето над градот Хомс, кој е под контрола на бунтовниците, објавија веб-страници за следење летови, пренесува „Ал Џезира“.

Претходно, западни медиуми, повикувајќи се на неименувани воени команданти, јавија дека сирискиот претседател Башар ал Асад утрово со авион избегал од Дамаск на непозната локација.

Според медиумите, Асад се качил во авион „Иљушин 76“ на „Сиријан ер“ со број на лет 9218. Информативниот портал „Вала“ наведува дека, според неименуван израелски функционер, Асад синоќа полетал од Дамаск до руската воздухопловна база Хмеимим, со намера оттаму да продолжи кон Москва.

Овој израелски функционер се повика на наводните сознанија од американски официјални лица дека Асад го напуштил Дамаск со намера „да побегне во Русија“.

Сириските опозициски сили денеска објавија дека го презеле Дамаск. Лидерот на опозицијата, Абу Мохамед ал Џулани, нагласи дека јавните институции ќе останат под надзор на поранешниот премиер до официјалното предавање на власта.

Премиерот Мохамад Гази ал Џалали изјави дека останува во Дамаск и е подготвен за соработка со опозицијата за функционирање на јавните институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во приватни градинки немало хигиена, Агенцијата за храна парично ги казни
Следна Статија Мицкоски: Трет квартал раст на БДП 3%, резултати едни од најдобрите во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Нереди во Франција: маскирани напаѓачи со молотови коктели и шипки се судрија со полицијата

Стотици маскирани напаѓачи вооружени со метални прачки и молотови коктели нападнаа автомобили на автопат и се судрија со полицијата во…

July 20, 2025
СВЕТ

Европската Унија официјално брои 13 милиони невработени

Официјалната дефиниција за невработеност е многу тесна и исклучува голем број луѓе кои се всушност невработени. Затоа индикаторот за таканаречената…

September 23, 2025
СВЕТ

Белата Куќа сигнализира кампања за заплена на повеќе танкери во близина на Венецуела

Напорите изгледа дека се нова фаза во обидот на администрацијата на Трамп да го отстрани претседателот Николас Мадуро.

December 13, 2025
СВЕТ

Пет лица се убиени во пукотница во училиште во Грац, објави „Кронен цајтунг“

Пет лица се убиени во пукотница во училиште во Грац, објави „Кронен цајтунг“. Полициската специјална група „Кобра“ веќе е алармирана…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?