Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија
МАКЕДОНИЈА

Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија

Објавено October 22, 2024 20:40
Сподели
Сподели

Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија.

Вајц, кој доаѓа од Европските зелени, бил и копретседавач на Европската зелена партија.

Во февруари 2017 година, Вајц беше номиниран за член на одборот на Европската зелена партија и беше избран во март 2017 на конгресот на Глобалните Зелени и Европските Зелени во 2017 година во Ливерпул, како единствен австриски член на одборот на Европската зелена партија. На оваа позиција тој е одговорен, меѓудругото, за соработка со Зелените партии во Чешка, Словенија, Полска, Унгарија и Албанија и го поддржува развојот на зелени партии во  Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија. Во јуни 2022 година тој беше реизбран на 35-от Совет на Европската зелена партија за копретседавач на ЕГП заедно со француската сенаторка Мелани Вогел од француската Европска екологија – Зелени.

На неговиот профил на социјалната мрежа „Х“, меѓудругото, пишува дека се залага за проширување на ЕУ, со фокус на Западен Балкан.

Повеќето политички групи во Европскиот парламент номинираа свои членови за позициите известувачи за земјите од Западен Балкан.

Тонино Пицула од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) ќе биде известувач за Србија, додека Андреас Шајдер од истата партија ќе биде известувач за Албанија. Словенечкиот европратеник Марјан Шарец од Renew Europe ќе биде известувач за Црна Гора.

Европската народна партија (ЕПП) ги доби позициите за известувачи за Косово и Босна и Херцеговина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв
Следна Статија Само за една четвртина од онколошките пациенти има биолошка терапија, останатите не добиваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Два Ер трактори дејствуваат врз пожарот во Дојран

Од вкупно пријавени девет пожари на отворен простор ширум земјава, пет пожари се активни и тоа пожарот во општина Дојран…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерство за култура и туризам: Исплата на платите е во тек и ќе заврши денеска

Министерството за култура и туризам денеска соопшти дека исплатата на платите за вработените во институциите од областа на културата во…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес е празник на заштитникот на децата: За нивното здравје, секоја мајка треба да го направи ова

Православна црква и нејзините верници денеска го слави празникот посветен на Свети Сисој Велики. Овој светител е исклучително почитуван и…

July 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека праќањето инспекција во училиштето „7 Март“ во тетовско Челопек е законско…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?