Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Без положен испит со години вработувани административци во ИЈЗ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Без положен испит со години вработувани административци во ИЈЗ
ЗДРАВЈЕ

Без положен испит со години вработувани административци во ИЈЗ

Објавено January 15, 2025 21:20
Сподели
Сподели

Извештајот на Државниот управен инспекторат треба да ги потврди или отфрли сомнежите дали во Институтот за јавно здравје со години незаконски се вработувале админитративци кои немале полагано испит за службеници.

Октако анонимен мејл до институцијата алармирал заа начинот на кој што се вработувало во администрацијата, но и начинот на пресметување на кофеициентите на плати, инспектори вчера ја проверувале документацијата, по што се чека нивниот записник.

Наводно, вакви вработувања имало уште од 2017 година, но за дел од тие вработени нема да може да се постапува поради застаеност на делото. Ако се докаже дека меѓу новите вработени има такви со неположен испит, тие ќе добијат откази, а не се исклучува можноста да треба да ги враќаат платите.

За инспекцијата во ИЈЗ денеска реагираа од ДУИ, чии кадри со години раководеа со оваа институција. Во писменото соопштение обвинуваат дека актуелната директорка се обидувала да ги омаловажи Албанците во ИЈЗ.

Вонредниот инспекциски надзор на Државниот управен инспекторат, инициран врз основа на анонимна претставка со тенденциозна и антиалбанска содржина, не претставува ништо друго освен организиран обид за отстранување на албанските вработени и создавање амбиент во кој тие се третираат како граѓани од втор ред, се верли во писменото соопштение од ДУИ.

Директорката Марија Андоновска пак вели дека воопшто не била изненадена од ваквата реакција на ДУИ чиј кадар 15-тина години беше директор на ИЈЗ. Таа повика да не се става етничка нота на целиот случај, туку да се почитуваат законите.

Јавноста треба да знае дека ДУИ секогаш реагира кога треба да се прикрие незаконско работење, кримнинал, корупција. Да не се става етничка нота онаму каде што ја нема, туку законот треба да се почитува и да важи за сите подеднакво, вели Андоновска.

Зад директорката застанаа и од ВМРО-ДПМНЕ, во соопштението посочуваат дека таа се обидувала да спречи криминал и незаконско работење во Институтот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нерешено на полувреме: Митревски го затвори голот за Унгарците
Следна Статија Тројцата најбогати луѓе на светот ќе имаат ВИП третман на инаугурацијата на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Младите во Македонија честопати влегуваат во незаштитени сексуални односи, без да се свесни за последиците

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, по повод 1 декември – Светски ден против СИДА во соработка со…

November 28, 2024
ЗДРАВЈЕ

Ги имате овие симптоми? Проверете дали имате недостаток на витамин Ц

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје.…

October 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пациенти на Онкологија останаа без биолошка терапија

Пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија останаа без биолошка терапија. Во моментов нема биолошка терапија, односно лековите „atezolizumab (tecentriq)“,…

January 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Совети за старост без деменција: Неколку правила за стимулација на телото и умот

Деменцијата не е природен дел од стареењето, па и покрај тоа, најверојатно ќе ја развиете како што стареете. Да, поплаките…

May 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?