Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница
ХРОНИКА

Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница

Објавено January 17, 2025 14:33
Сподели
Сподели

Близначињата новороденчиња што починаа вчера во Прилепско биле премрзнати, се вели во соопштението од прилепската Oпшта болница со проширена дејност „Борка Талески“.

Според нив, вчера во 10:45 часот на Одделот за детски болести било донесено женското новороденче кое како резултат на премрзнување било во тешка здравствена состојба.

Откако било примено, се додава во соопштението, веднаш била преземена интензивна медицинска интервенција. Бебето било реанимирано и интубирано, поставено во топли ќебиња, а и дополнително се затоплувало. Но, и покрај тоа, додаваат од болницата, состојбата на бебето продолжила да се влошува, а во 13 часот била констатирана смртта.

За машкото новороденче, од прилепската болница велат дека од истите причини – премрзнување, било починато во домот на семејството.

Близначињата, како недоносени, биле родени спонтано на 30 декември 2024 година, во 34-та гестациска недела. Првото новороденче, машко, било со родилна тежина од 1 970 грама, а второто, женско, со тежина од 1 780 грама.

Новороденчињата биле испишани од болницата на 10 јануари на барање и со потпис на мајката.

Мајката била родена во 2001 година и ова било нејзина четврта бременост.

Претходно денеска јавниот обвинител Стевчо Биноски од Основното јавно обвинителство Прилеп, рече дека наредил обдукција за новороденчињата кои кога починале биле во тешка здравствена состојба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски најави деветта авиолинија, очекува и рекорден број странски инвестиции
Следна Статија Рокас: Има голем интерес и благонаклонетост кон Македонија да се отвори поглавјето за преговорите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

29-годишната Емилија вчеравечер убиена од нејзиниот сопруг кој штотуку излегол од затвор

Вчеравечер Емилија П. од Штип била убиена страна на од нејзиниот сопруг, повратник од затвор. „Денеска 01.11.2024 околу 20.15 часот…

November 2, 2024
ХРОНИКА

Палчо и екипата на девети април пред Апелација ќе бараат судењето да се врати од почеток

Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев во Апелациониот суд Скопје на деветти април на јавна седница ќе…

February 16, 2026
ХРОНИКА

Уапсен скопјанец кој ја принудувал малолетната ќерка да питачи во Дебар

Во рамки на засилените контроли за сузбивање на појавата на питачење, полициските службеници во Дебар приведоа жител на Скопје, кој…

July 11, 2025
ХРОНИКА

Малолетничка била сексуално експлоатирана во Тетово -Кривична пријава против пет лица

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?