Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божикните празнувања во Бигорски почнуваат од утре
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Божикните празнувања во Бигорски почнуваат од утре
МАКЕДОНИЈА

Божикните празнувања во Бигорски почнуваат од утре

Објавено January 4, 2025 16:40
Сподели
Сподели

Божикните празнувања во Бигорскиот манастир почнуваат од утре наутро, со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска Обител, информираа од овој мнастир. Оттаму ги покануваат сите верници кои имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово да дојдат во манастирот.

Утре во 7.30 часот ќе биде отслужена Божествена литургија во спомен на Светиот отец наш Наум Охридски, додека во 16 часот почнува вечерната богослужба. Во понеделник во 6.30 часот ќе биде отслужена утрена богослужба, еден час подоцна, царски часови за Рождество Христово, а во 9.30 часот, голема вечерна богослужба со Света Василиева литургија, информираа од Бигорскиот манастир.

Во предвечерието на големиот празник, од 18 до 19:30 часот, ќе има Бадникова закуска со пеење на божикни каланди.

Во 21 часот почнува сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово, големо повечерие со литиски и стиховни, утрена и Божествена Василева литургија, со којашто ќе чиноначалствува владиката Партениј. На божикните празнични богослужби можат да присуствуваат сите коишто имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово во нашата свештена Обител, заедно со монашкото братство, нагласуваат од Бигорски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Комеморација на Цетиње: Загубата на 12 животи остави празнина во срцата
Следна Статија 27-годишна кратовчанка пронајдена мртва откако паднала од зграда во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

И покрај решението на Уставен, продолжува „бетонизирање“ на Маврово

Во периодот од октомври 2024 до февруари годинава градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски потпиша триесетина решенија за одобрување…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што ќе донесе…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?