Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Божиновска: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век
ПОЛИТИКА

Божиновска: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век

Објавено October 18, 2024 19:26
Сподели
Сподели

„Госпоѓата Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век. Ниту еден граѓанин на Македонија нема потпишано изјава дека се чувствува за Бугарин, туку тоа го прават бугарски адвокати кои наплаќаат пари за да посредуваат“, наведува министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во реакцијата објавена на нејзиниот Фејсбук профил по претходната изјава на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека лично ги видела нејзините документи од апликацијата за стекнување бугарско државјанство.

-Ниту еден граѓанин на Македонија кој добил бугарско државјанство не се чувствува за Бугарин. Всушност тоа го видовме и на пописот во Македонија со екстремно симболичната бројка на попишани Бугари. Луѓето, како и јас, побарале бугарски пасош од една и единствена причина, економски потреби за работа надвор од Македонија. Ако госпоѓата Јотова мисли дека измамата со внесени документи од бугарската држава, ќе го смени моето чувство дека сум Македонка, па и чувството на многу мои сограѓани, тогаш или не разбира дека политиката на подметнување им е пропадната или не разбира дека ние сме имале економска потреба, а таа и политичарите како неа, сме ги оставиле да фантазираат како да се наоѓаат во деветнаесеттиот век, напиша министерката.

Госпоѓата Јотова, како што посочува во објавата Божиновска, наместо со ситни полициски подметнувања добро е да почне да се занимава со потребата на Македонците во Бугарија, конечно да бидат признаени како малцинство и да им се овозможат основните човекови права.

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска изјавила дека лично ги прегледала документите од апликацијата за стекнување бугарско државјанство на министерката за енергетика Сања Божиновска за да се увери дали таа навела оти има бугарска самосвест, пренесе БТА.

-Јас лично ги видов нејзините документи и декларација, лично потпишана од неа, во која таа наведува дека има бугарско самосвест и потекло, истакнача Јотова во Ќустендил за време на тркалезната маса под наслов „Бугарите на Балканот надвор од границата по 1878 година. Кодекс на опстанокот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза
Следна Статија Уапсени двајца возачи кои превезувале мигранти кон Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си

Помири се, опозиција си, реформирај ја партијата и исчисти ги криминалците од своите редови, му порача денеска од Охрид премиерот…

October 6, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, но сакавме процесот да биде инклузивен

Мислев дека ќе покажеме зрелост, широчина и на тој начин како политички чинители да се обединиме, оние партии кои имаме…

January 8, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Врските на Стоилковиќ со Москва се закана за евроатланската ориентација на Македонија

СДСМ со длабока загриженост ги следи контрадикторните сигнали што ги испраќа актуелната влада на премиерот Христијан Мицкоски. „Додека официјално се…

January 12, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој повеќе лаже. Мицкоски пред два дена најави дека пругата од британскиот кредит ќе започне…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?