Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Нови ветерни турбини, повеќе струја, помалку загадување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Нови ветерни турбини, повеќе струја, помалку загадување
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нови ветерни турбини, повеќе струја, помалку загадување

Објавено February 2, 2025 16:44
Сподели
Сподели

Ветерните паркови не се само економски исплатливи, туку и еколошки одговорни. Тие се клучот кон одржлива иднина и економски раст кој не ги загрозува ресурсите на идните генерации, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска која денеска го посети Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) Богданци, првиот ваков објект во земјава кој го користи ветерот како погонска сила за производство на електрична енергија.

Во придружба на официјални претставници од АД ЕСМ, Иван Стојановски, директор за финансии, и Гоце Џамбазовски, помошник директор за обновливи извори, министерката се запозна со тековните активности и идните планови на овој значаен енергетски капацитет. Беше запознаена со инфраструктурата на паркот, вклучувајќи ја командната соба, сервер салата и трафостаницата, која е клучна за функционирањето на целиот комплекс. Посети и една од турбините, каде имаше можност да го види влијанието на проектот во реални услови. Инсталираната моќност на секоја од турбините е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри.

Во текот на обиколката, Џамбазовски истакна дека ПВЕ Богданци не само што е пример за успешна инвестиција во обновлива енергија, туку и значаен придонес кон националниот електроенергетски систем.

-Турбините се производство на Сименс – Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Паркот, со своите 16 турбини, има инсталирана моќност од 36,8 мегавати и годишно произведува околу 100 гигават часови природно одржлива енергија, што е доволно за снабдување на околу 60.000 граѓани, намалувајќи ја зависноста од фосилните горива и придонесувајќи за намалување на емисиите на CO2, рече Џамбазовски.

Министерката за енергетика беше информирана и за плановите за втората фаза на проектот ПВЕ Богданци 2, која ќе додаде дополнителни 13,2 до 15 мегавати капацитет. Оваа фаза е дел од пошироката стратегија на Владата да го зголеми учеството на обновливите извори на енергија до 45 отсто од вкупното производство до 2030 година. Во оваа фаза е предвидено поставување на дополнителни четири ветерни турбини, секоја со инсталирана моќност од 3,4 мегавати, со што вкупната инсталирана моќност ќе се зголеми на околу 50 мегавати, обезбедувајќи дополнително годишно производство од 37 гигават часови електрична енергија.

Божиновска ја истакна важноста на ваквите проекти за енергетската независност и одржливиот развој на земјата и истакна дека ветерните паркови не само што придонесуваат за заштита на животната средина, туку и обезбедуваат стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија за граѓаните.

-Паркот на ветерни електрани Богданци останува симбол на енергетската иднина на нашата земја, покажувајќи дека со правилни инвестиции и посветеност кон одржливи решенија, можеме да обезбедиме подобра и почиста иднина за сите нас. Ветерните паркови, како овој во Богданци, се клучни за намалување на емисиите на стакленички гасови и за борба против климатските промени. Тие обезбедуваат чиста енергија, намалувајќи ја зависноста од увоз на енергија и создавајќи нови работни места. Покрај економските придобивки, ветерните паркови придонесуваат за енергетска независност и стабилност, што е особено важно за земјите како Македонија, рече Божиновска.

Со изградбата на втората фаза, додаде, ПВЕ Богданци ќе стане уште поголем играч на македонскиот енергетски пазар, придонесувајќи за економски раст и зелена транзиција.

-Ова е јасен сигнал дека Македонија е посветена на одржливи економски решенија кои ги балансираат економските, социјалните и еколошките интереси, потенцира Божиновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таксист ѝ дал сметка од 700 денари за од Центар до Чаир, ја исфрлил и турнал со возилото зошто не сакала да му плати
Следна Статија (ФОТО) Ќерката на Никол Кидман позира без шминка во кампања за италијанска модна куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Powerball jackpot за сабота, 7 февруари 2026 година

Powerball jackpot пораснал на 102 милиони долари за извлекувањето на 7 февруари. Дознајте како да играте, дали можете да купите…

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

HP објавува намалување на работни места поради пониски проекции за профит

HP најавува стратешки промени со употреба на вештачка интелигенција, планирајќи да намали работната сила помеѓу 4.000 и 6.000 вработени до…

November 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на Влада

На владина седница денеска се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Од Владата очекуваат…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат, дизелот останува на исто

Според најновите податоци, малопродажните цени на бензините во Македонија бележат зголемување, додека цената на дизел‑горивото останува непроменета. Ова значи дека…

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?