Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Брутална егзекуција открива дека со популарниот грчки остров Миконос владеат банди (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Брутална егзекуција открива дека со популарниот грчки остров Миконос владеат банди (ВИДЕО)
БАЛКАН

Брутална егзекуција открива дека со популарниот грчки остров Миконос владеат банди (ВИДЕО)

Објавено October 16, 2024 10:40
Сподели
Сподели

Бруталната егзекуција на геодет во атинскиот кварт Псичико во јули ги разоткри борбите на мафијата за земја на островот Миконос.

Панајотис Статис (54) го паркирал автомобилот пред неговата канцеларија во 8 часот и 30 минути, кога до него се нашол маж на мопед, пишува Дејли мејл.

Мажот почнал да пука во возилото на Панајотис, а потоа застанал да го наполни пиштолот и испукал повеќе куршуми. Статис починал на лице место, потпрен на воланот натопен со крв. Убиецот го спакувал пиштолот и си заминал.

Егзекуцијата е снимена од блиската надзорна камера. Се испоставило дека убиството не е поврзано со мафијата која се бори за контрола на улиците на Атина, туку со земја на Миконос, за кое се вели дека е омилена дестинација на холивудските ѕвезди и богатите, со својот тиркизен брег, луксузни вили и фенси клубови.

Локалните жители тврдат дека голем дел од островот е под контрола на грчката мафија, која се обидува да воспостави контрола врз бирократите, инженерите и геодетите вклучени во најексклузивните градежни проекти. Тие наведуваат и дека сакаат да манипулираат со законите за да заработат од профитабилната туристичка индустрија на островот.

Миконос, каде живеат само 10.000 луѓе, само оваа година, во периодот од март до октомври, го посетиле 2,3 милиони туристи. На островот има дури 76 хотели со пет ѕвезди и стотици луксузни вили за изнајмување. За убиството на Статис полицијата уапсила 44-годишен маж поврзан со грчката мафија.

Велат дека убиството било внимателно испланирано со „проби“ пред кобниот ден.

Наводно, убиецот бил снимен пред канцеларијата на Статис 24 часа порано, како и 90 минути пред да биде убиен Статис. Сметаат дека се работи за нарачано убиство, за кое се платени 100.000 евра.

Имено, локален претприемач преговарал со Статис за парцела од три хектари. Статис и неговиот деловен партнер го купиле веднаш до локацијата планирана за изградба на хотелот „Four seasons“ и планирале подоцна да ја продадат на еден претприемач со значителен профит. Документите ги содржат имињата на блиските роднини на Статис.

“Беше многу добар во својата работа, го знаеше секое парче земја на Миконос. Имаше многу влијателни луѓе кои не го сакаа бидејќи им се мешаше во нивните планови”, изјавил негов близок пријател за Дејли Меил.

Човекот осомничен за убиството на Статис е поврзан и со киднапирањето на богатиот бизнисмен Перикле Панагопулос во 2009 година, кој е ослободен откако на киднаперите им бил платен откуп од 30 милиони долари.

Христос Веронис, градоначалникот на Миконос, за еден британски таблоид изјавил дека „нема мафија од Миконос, туку грчка мафија која го таргетира нивниот остров, бидејќи знаат дека има пари што треба да се заработат“.

Официјални лица во Атина ветија поактивни интервенции за организираниот криминал со фокус на Миконос.

Обвинителката на Врховниот суд Џорџија Адеилини назначи специјален обвинител кој ќе ги истражува „мафијашките практики“ на островот, за кои се вели дека покриваат градежни дозволи и зделки со земјиште и недвижнини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Робот за прв пат диригираше со симфониски оркестар
Следна Статија „За коса ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ја пукнал левата аркада“, Обвинителството поведе постапка против скопјанец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Загина поранешната „Мис Балкан“, пијана пеш бегала од полицијата и паднала од надвозник

Ѓулер Ердоган, 27-годишна манекенка и Мис на Балканот за 2022 година, загина додека се обидувала да и побегне на полицијата…

April 6, 2025
БАЛКАН

Го убила сопругот, го закопала, па го пријавила за исчезнат: Трудна Србинка(34) уапсена во Лептокарија

Во грчкото летувалиште Лептокарија уапсена е државјанка на Србија (34), која е во шестиот месец од бременоста, поради сомнение дека…

February 10, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Објавена снимка од воздух од уништената Јабланица, голема потрага по исчезнатите

Утрово спасувачите ја почнаа потрагата по исчезнатите во селото Доња Јабланица во северниот дел на Херцеговина, кое беше затрупано од…

October 5, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО) Нападнат српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас од група која лепела плакати против него

Лидерот на српската опозициска Партија на слободата и правдата и пратеник во парламентот на земјата, Драган Ѓилас, доцна синоќа е…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?