Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарија гласа на седми предвремени избори во последните четири години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бугарија гласа на седми предвремени избори во последните четири години
БАЛКАН

Бугарија гласа на седми предвремени избори во последните четири години

Објавено October 27, 2024 09:15
Сподели
Сподели

Бугарските граѓани денеска излегуваат на гласање за седмите предвремени избори во последните четири години, додека ривалските политички партии во земјата се борат да формираат стабилна коалиција, а гласачите стануваат сè поапатични.

Бугарија, се бори со ротирачките влади откако антикорупциските протести во 2020 година помогнаа да се собори коалицијата предводена од централнодесничарската партија ГЕРБ, објави Ројтерс

Последните анкети покажуваат дека најверојатно нема да има јасен победник и очигледни опции за солидна коалиција и на овие избори.

Одѕивот на гласачите, кој се проценува на околу 30 отсто, се очекува да биде најнизок од падот на комунизмот.

Гласањето завршува во 20 часот, а резултатите врз основа на излезните анкети треба да бидат познати во исто време.

Конечните резултати ќе бидат познати неколку дена подоцна.

Доколку не се појави неочекувано политичко партнерство или силен лидер за обединување на коалицијата, повеќето аналитичари предвидуваат дека земјата повторно ќе оди на избори на почетокот на следната година.

Ваквата дисфункција е загрижувачка за Бугарија, која има 6,4 милиони жители.

Нејзиното пристапување во ЕУ во 2007 година отвори период на оптимизам обележан со пораст на животниот стандард и брз економски раст.

Сепак, глобалната финансиска криза, пандемијата на коронавирусот и војната во Украина ги намалија странските инвестиции.

На Бугарија сега очајно и треба период на стабилна Влада со цел да го забрза протокот на средства од европските фондови во нејзината прилично слаба инфраструктура и да ја приближи земјата до воведувањето на еврото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Барселона среде Мадрид го декласира Реал (ВИДЕО)
Следна Статија Кои обичаи и верувања се поврзуваат со празникот Света Петка?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Ден на национална жалост утре во Албанија поради смртта на Фатос Нано

Албанската влада го прогласи 2 ноември за ден на национална жалост во чест на поранешниот премиер и основач на Социјалистичката…

November 1, 2025
БАЛКАН

Велика Британија ги украла Мермерите од Партенон, Грција се надева дека ќе и ги вратат

Почнувајќи од Кирјакос Мицотакис до сите нас кои сме инволвирани во конкретната тема, немаше да работиме со ваква посветеност, методичност…

December 4, 2024
БАЛКАН

Бомбашот на куќата на Здравко Чолиќ има 33 години: Активирал рачна граната во 5 часот изутрина

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ објави дека е уапсен маж (33) за кого постои сомневање дека фрлил…

February 5, 2026
БАЛКАН

Кумашинот на Борисов ќе ја води бугарската дипломатија

Георг Георгиев од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов ќе ја извршува функцијата министер за надворешни работи во новата Влада на…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?