Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарски непребол: Не можат да се помират зошто Шеќеринска, а не нивната Габриел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бугарски непребол: Не можат да се помират зошто Шеќеринска, а не нивната Габриел
МАКЕДОНИЈА

Бугарски непребол: Не можат да се помират зошто Шеќеринска, а не нивната Габриел

Објавено November 19, 2024 19:20
Сподели
Сподели

„Њамам трпение да работа с Радмила Шеќеринска“ вели во текстот на бугарски генералниот секретар на Алијансата Марк Руте, што на бугарски јазик значи: „Едвај чекам да работам со Радмила Шеќеринска“, иако, кај нас кого и да прашате би разбрал дека Руте не може да ја смисли Радмила. Кај нас тоа е значењето на „немање трпение да работите со некого“. Толку за истиот јазик и народ…

Толку за јазикот и народот, во меѓувреме бугарските медиуми со доза на гнев и очебиен непребол известуваат дека Радмила Шекеринска од Македонија е новиот заменик генерален секретар на НАТО.

Како што пишуваат тие, Шекеринска на оваа функција ја претрка поранешната бугарска вицепремиерка, министерка за надворешни работи и еврокомесар Марија Габриел, која беше кандидат и по смената на раководството на Алијансата и изборот на Марк Руте за главна функција.

Одлуката на Руте да оди со македонскиот претставник пред Габриел или друг кандидат беше објавена утрово.

„Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО“

Вака гласеше еден од многуте наслови во бугарските медиуми од медиумот Сега.бг  утрово откако се обзнани дека втор човек во НАТО Алијансата ќе биде Македонката Шекеринска.

Новата позиција на Радмила Шекеринска во НАТО особено е тема на дискуија во бугарските медиуми бидејќи во најтесен избор се споменуваше и името на Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов.

Уште пред Руте да ја преземе функцијата, беше објавено дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека негова замена треба да биде жена од Источна Европа. Во тоа време, висок дипломат на НАТО изјави за публикацијата дека разговорот бил фокусиран на две жени – Марија Габриел и Радмила Шекеринска.

Меѓу другите кандидати беа и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и Оливера Ињац, која беше министерка за одбрана на Црна Гора во периодот 2020-2022 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија БИТКОИНОТ БЛИСКУ ДО ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПРИФАЌАЊЕ ВО САД: Трамп го обликува крипто-светот и пред официјално да влезе во …
Следна Статија (Видео) Еве колку е загаден воздухот во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Првите критични 72 часа ги минавме без нови смртни случаи

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ленче Ристоска: Поднесов тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека ги користи сите институционални механизми кои и се на располагање и…

January 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Жешко претпладне во Македонија, еве во кој град веќе се измерени над 30 степени

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за температурите измерени во 11 часот низ мерните станици во Македонија.…

June 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Уште еден земјотрес во Македонија, епицентарот е кај Богданци

Уште еден земјотрес е регистриран во Македонија. Јачината е 2,5 степени според Рихтер, додека пак епицентарот е 14 километри североисточно…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?