Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бунтовниците во Сирија зазедоа половина од градот Алепо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Бунтовниците во Сирија зазедоа половина од градот Алепо
СВЕТ

Бунтовниците во Сирија зазедоа половина од градот Алепо

Објавено November 30, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Бунтовниците предводени од исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТЦ) презедоа контрола над половина од градот Алепо, а при тоа не наидоа на никаков отпор, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

– Аеродромот во Алепо и сите патишта кои водат во градот се затворени, изјави неименуван воен извор.

Претходно, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека џихадистите и нивните сојузници синоќа го зазедоа стратешкиот град Саракиб од владините сили. Саракиб е во покраината Идлиб, а со неговото заземање бунтовниците ќе можат да го спречат напредувањето на режимот кон Алепо.

Организацијата со седиште во Лондон, наведува дека од 27 ноември до денеска убиени се 277 луѓе, од кои над 20 биле цивили.

Бунтовниците предводени од ХТЦ пред три дена извршија упад во десетина градови и села во северозападната провинција Алепо, која е под контрола на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад. Тие тврдат дека почнале офанзивата за „да ја одвратат агресијата“, обвинувајќи ја Владата и сојузничките милиции за ескалација на непријателствата.

Тоа е најголема воена акција против сириската Влада во изминатите години и бунтовниците првпат се борат против силите на претседателот Башар ал Асад во Алепо, откако сириската армија со помош на Русија и на Иран во голема офанзива ги протера од градот во 2016 година.

Сириски и руски авиони вчера извршија 23 воздушни напади во близина на Идлиб, при што загинаа четворица цивили, а повредени се 19 лица.

– Руските воздухопловни сили вршат напади врз опремата и персоналот на илегалните вооружени групи, врз позициите, резервите и артилеријата на терористите, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, додавајќи оти во изминатите 24 часа биле „елиминирани“ 200 борци.

Идлиб е последното упориште на опозициските сили, главно контролирано од ХТС, но исто така е и засолниште на бунтовничките фракции поддржани од Турција. Борбите во Идлиб во голема мера престанаа во 2020 година, кога Турција и Русија, клучниот сојузник на Сирија, посредуваа за прекин на огнот за да го спречат притисокот на владата да ја врати провинцијата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера истакна дека е нападнат суверенитетот на Сирија и изрази поддршка за „Владата на Сирија брзо да го врати редот“.

Граѓанската војна во Сирија започна во март 2011 година, а се проценува дека повеќе од половина милион луѓе, главно цивили, загинале во борбите, додека речиси половина од населението е раселено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Паника во Лос Анџелес: Дојава за бомба во куќата на Шварценегер
Следна Статија Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Макрон: Царините што ги објави Трамп се брутални и шокантни

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека царините што синоќа ги објави американскиот претседател Доналд Трамп се „брутални и неосновани“…

April 3, 2025
СВЕТ

Лувр ја процени вредноста на украдените експонати на 88 милиони евра

Француските власти соопштија дека материјалната вредност на предметите украдени при неодамнешната спектакуларна кражба во музејот Лувр изнесува околу 88 милиони…

October 22, 2025
BlogБАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСВЕТ

Продажбата на автомобили во ЕУ опаѓа а во Македонија расте

Good web design has visual weight, is optimized for various devices, and has content that is prioritized for the medium.…

September 22, 2024
СВЕТ

Од 1 август САД воведуваат 35 отсто царини за Канада

Во писмо објавено на неговата социјална мрежа Трут соушaл (Truth Social), Трамп го информираше канадскиот премиер Марк Карни дека царините…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?