Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чавков до ќерка си: Според нив и нивниот правосуден систем со 2% доверба си ќерка на терорист, но за 98% од граѓаните си ќерка на политички затвореник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Чавков до ќерка си: Според нив и нивниот правосуден систем со 2% доверба си ќерка на терорист, но за 98% од граѓаните си ќерка на политички затвореник
МАКЕДОНИЈА

Чавков до ќерка си: Според нив и нивниот правосуден систем со 2% доверба си ќерка на терорист, но за 98% од граѓаните си ќерка на политички затвореник

Објавено February 5, 2025 21:13
Сподели
Сподели

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој е осуден за тероризам за настаните од 27 април испрати порака до својата ќерка по повод нејзиниот роденден:

Нека ти е среќен 32-от роденден ќерко!

Не ми доаѓат мисли, не можам да изберам зборови, едноставно околностите во кои осма година опстојувам, околности што претставуваат системска тортура си го прават своето.

Затоа само ја копирав пораката од честитката за 31-от роденден.

Ти посакувам пред се’ здравје и успеси во твојот професионален развој како адвокат но здравје и среќа и во семејното остварување.
Мојот аманет е, да продолжиш ХРАБРО да “газиш” како и до сега. Се стекна со статус АДВОКАТ во најмрачниот период од животот за нашето семејство, храбро и самостојно, во сценарио во кое бевте фрлени сите вие покрај мене.

Свесна си за сите аспекти на тоа сценарио, свесна дека семејството во целина сте жртви заради мојата долгогодишна и бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Политичката и финансиската моќ кои ја имаа и сеуште ја имаат криминалните структури што ни ја определија судбината, не дозволувај да те поколебат, напротив, треба да те охрабри да продолжиш понатаму.

Нивната финансиска и сеуште политичка моќ, која секако ќе трае, те уверувам дека со тек на времето се’ повеќе ќе бледее а нашата чест и достоинство не само што не ги поништија туку напротив несакајќи ги потврдија!

Заради лична освета према мене и политичките цели што ги постигнаа во случајот, преку малиот број поданици во правосудниот систем, ве осудија и вас.

Ти според нив и нивниот правосуден систем со 2% доверба кај граѓаните, според нивниот блед и фалсификуван печат, си ќерка на ДРЖАВЕН НЕПРИЈАТЕЛ и ТЕРОРИСТ но не заборавај, според 98% од граѓаните си ќерка на ПОЛИТИЧКИ затвореник осуден заедно со останатите политички затвореници во нефер и криминална постапка, преку која во исто време требаше да се скрши и кичмата на македонскиот народ.
Ќерко, не ми замерувај, потребата и во оваа пригодна на роденденска честитка да ја објаснувам вистината е само заради една причина – да те охрабрам како и до сега да го продолжиш твојот професионален развој, да ја продолжиш семејната традиција на чесност и интегритет, традицијата на постојана борба за успех во животот.

Да заклучам, мојот аманет е НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ОТКАЖЕШ во борбата за владеење на правото, правдата и правичноста иако си свесна за ТИРАНИЈАТА која владее во МАКЕДОНИЈА!!!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новиот свекор на Розга: Ќе биде свадба голема
Следна Статија Приведен Пеце Мирчевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски со најголем дел од родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани се има видено и како…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да им се одземаат возилата на возачите што прават тешки прекршоци во сообраќајот, предложи Филипче

Да им се одземаат возилата на возачите што прават тешки рекршоци во сообраќајот, предложи денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче.…

February 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сончево и топло, со температури до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од…

July 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бизнисмен од Гевгелија ќе ,,чита книги” во библиотеката на Груевски на Бихачка

Пред два месеци, Агенцијата за управување со одземен имот, продаде два од петте стана кои беа конфискувани од екс премиерот…

September 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?