Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова по повод 23 Октомври: Државноста е тешко стекната, не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова по повод 23 Октомври: Државноста е тешко стекната, не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова по повод 23 Октомври: Државноста е тешко стекната, не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти

Објавено October 23, 2024 09:44
Сподели
Сподели

Почитувани сограѓани,

Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Ви посакувам празникот да го минете во мир и хармонија, радост и среќа, уживајќи ги придобивките на тешката борба за слободна, независна и демократска македонска држава.

Идејата-водилка на основачите на Македонската револуционерна организација, коишто пред 131 година визионерски зачекорија по трнливиот пат кон политичка автономија, еволуираше и се доградуваше низ годините. Резултатот е самостојна македонска држава исправена пред нови предизвици.

Прославувајќи го Денот на македонската револуционерна борба, да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои и на нивните идеали, убедувања и жртви. Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш.

Затоа, да се грижиме за татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме!

Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава.

Да им ја оставиме на потомците, како што нам ни ја оставија, македонските револуционери.

Нека ни е честит празникот, пишува Сиљановска во својата честитка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ограбена фирма за брзи кредити во Скопје, вооружените разбојници однеле 5.000 евра
Следна Статија Избувнување на Еширихија коли во САД поради плескавица од Мекдоналдс: „Изворот може да биде кромид“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дамева замина: Мандатот и истекува задутре, но претседателката на Судскиот совет одлучи денеска да си оди со оставка

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева денеска на прес-конференција информира дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. Нејзиниот мандат секако би…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Еве како Македонците во Пиринска Македонија преку ноќ станаа Бугари!

Бугарската национална телевизија објави прилог посветен на селото Боровичане во општина Петрич кое е на неколку километри од границата со…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Минусни утрински температури – најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени. Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Отпуштените службеници на ДУИ имале кревети во канцелариите, објави Стоилковиќ

Седум вработени во министерството за односи меѓу заедниците вчера добија отказни решенија од министерот Иван Стоилковиќ. Веднаш реагираше ДУИ и…

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?