Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четири лица загинаа, а 14 се повредени во терористичкиот напад во Анкара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Четири лица загинаа, а 14 се повредени во терористичкиот напад во Анкара
БАЛКАН

Четири лица загинаа, а 14 се повредени во терористичкиот напад во Анкара

Објавено October 23, 2024 22:45
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја потврди дека четири лица загинале, а 14 се повредени во терористичкиот напад во областа Кахраманказан, предградие на Анкара. Во акцијата која следеше неутрализирани се и двајца напаѓачи.

Го осудувам овој грозоморен напад. Нашата борба ќе продолжи со истрајност и одлучност додека не се неутрализира и последниот терорист – рече тој.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, го осуди нападот и потврди дека загинаа четири лица.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изрази загриженост поради бројот на жртвите и рече дека НАТО стои покрај својот сојузник Турција.

„Загрижувачки се вестите за загинати и повредени кои доаѓаат од Анкара. НАТО стои до нашиот сојузник Турција. Силно ги осудуваме сите форми на тероризам и внимателно го следиме развојот на настаните“, напиша Руте на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и му ги пренел пораките за поддршка на НАТО.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изрази сочувство до Турција по терористичкиот напад врз фабриката на Турската воздушна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во Анкара.

„Очекуваме информации, но го осудуваме овој напад врз цивилите. Испраќаме сочувство до семејствата на жртвите и се надеваме на целосно закрепнување на повредените“, изјави за Анадолија заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак во име на Гутереш.

Според последните информации од турските медиуми, двајца терористи се неутрализирани, додека третиот напаѓач наводно држи работници во заложништво во фабриката. Ситуацијата и понатаму е напната, а безбедносните сили се во состојба на готовност. Во областа се испратени безбедносни сили, пожарникари и брза помош. Пријавено е дека персоналот на одбранбената фирма е испратен во засолништа од безбедносни причини.

Обвинителството во Анкара, исто така, започна истрага за терористичкиот напад.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светот во раце, добредојде Лиана: Мартин од „Некст Тајм“ стана татко
Следна Статија Дали да ја пијат водата или не – Кого да слушаат стумичани?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Осуммина загинаа во несреќа на железничката станица во Нови Сад

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека осум лица загинале во несреќата предизвикана од уривањето на…

November 1, 2024
БАЛКАН

Албанија го отвора првиот кластер на преговори за пристапување во ЕУ

Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ.  Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција…

October 15, 2024
БАЛКАН

На денешен ден Солана даде наредба да се бомбардира Србија

На денешен ден пред 26 години почнаа воздушните напади на НАТО врз Сојузна Република Југославија. Сирените за воздушен напад се…

March 24, 2025
БАЛКАН

11 лица се уапсени поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад денеска соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?