Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, дигнала два кредита и му дала 25.000 евра (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Бразилка мислела дека се допишува со Маск, дигнала два кредита и му дала 25.000 евра (ВИДЕО)
ЗАБАВА

Бразилка мислела дека се допишува со Маск, дигнала два кредита и му дала 25.000 евра (ВИДЕО)

Објавено February 9, 2025 09:49
Сподели
Сподели

Шеесет и деветгодишна жена од Формоза, Бразил, која сакала да остане анонимна, стана жртва на измамник кој ја убедил дека е Илон Маск, а мислејќи дека се во врска, таа му испратила пари и останала без 25.000 евра.

Жената подигнала два кредита за да може да му испрати пари на „Елон Маск“ откако се запознале на социјалните мрежи и почнале да разменуваат љубовни пораки, а бразилските медиуми ја објавиле содржината на нивната преписка.

Жената го зачувала неговиот број под името „Мојата љубов Маск“, а измамникот ѝ напишал љубовни пораки како: „Те сакам затоа што си мојата највистинска љубов, најдобар пријател и најлојален придружник. Без тебе мојот живот е само океан од прашина. Секое утро од мојот живот ми дава нова причина да те сакам и ценам за сѐ што си ми дала. Ти си клучот за моето срце!“

Во еден момент дури планирала да го продаде својот дом вреден 500.000 бразилски реали (83.000 евра) за да му испрати повеќе пари. Измамникот ѝ ветил дека ќе ѝ испрати цвеќе и накит, но неговите подароци никогаш не стигнале. Меѓутоа, тој потоа побарал од неа да му испрати пари за гориво за неговиот авион.

Нејзиниот син го пријавил случајот во локалната полиција, која тврди дека измамникот испратил слични пораки и до други жртви во регионот. Полицијата откри дека банкарските сметки на измамникот биле дел од криминална организација, чија цел била и други ранливи лица во земјата.

Да потсетиме, претходно пишувавме за 52-годишна Французинка која се навлекла во приказната за измамник кој се претставувал како Бред Пит и ѝ испраќал фотографии со вештачка интелигенција, тврдејќи дека умира од рак и дека банкарските сметки му биле блокирани по разводот со Анџелина Џоли. Му испратила вкупно 830.000 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Плејбој“ се врати во печатено издание по пет години пауза (ФОТО)
Следна Статија 10 години од објавувањето на првата „бомба“ од „Вистината за Македонија“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Каролина Гочева: „Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, занемени од болка“

„Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, колеги Андреј, Сара, Ѓорѓи, Александар Коларов, Александар Ефремов, Филип, Игор….“, напиша македонската…

March 17, 2025
ЗАБАВА

NSFW игра го откажува Steam издавањето поради ‘барања за политика’

BrownDust2 вели дека усогласувањето со Steam нема да го 'зачува основниот правец на играта'

December 11, 2025
ЗАБАВА

Мухамед е најпопуларно име за машките во Велика Британија, Оливија за женските бебиња

Најпопуларно име за момчиња во Велика Британија, според Британското биро за статистика, е Мухамед. Некогаш малиот Британец беше Ноа, Оливер……

December 6, 2024
ЗАБАВА

Северина се пофали со фотографии во костим за капење и порача: Мозокот е посекси од стомачните мускули

Хрватската пејачка Северина се пофали на социјалните мрежи со фотографии од одмор на кои позира во костим за капење, а…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?