Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕВН: Колку и да се жалат граѓаните на високите јануарски сметки за струја, на крај пак ќе си ги платат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЕВН: Колку и да се жалат граѓаните на високите јануарски сметки за струја, на крај пак ќе си ги платат
ЕКОНОМИЈА

ЕВН: Колку и да се жалат граѓаните на високите јануарски сметки за струја, на крај пак ќе си ги платат

Објавено February 11, 2025 10:11
Сподели
Сподели

На адресата на ЕВН Хоум за само еден месец се пристигнати 1.385 барања за корекција на фактурите за струја. Граѓаните може да се жалат на високите сметки за струја за јануари, но тоа не ги ослободува од нивно плаќање, објави Телма. На пример едно семејство во декември добило сметка за струја 9.237 денари, а наредниот месец сметката скокнала на 14.252 денари или за над 50 проценти повеќе.

Сите барања за корекции на фактура кои се поднесени од страна на корисниците, посебно се разгледуваат и за истите ЕВН Хоме доставува соодветен одговор во рамки на предвидените законски рокови. Поплаката за корекција на фактура не го ослободува корисникот од плаќање, но во случај на спроведување на корекција поради претпоставени вредности во фактурата, овие уплати се земаат предвид. Понатака уплатите се користат за порамнување на идни фактури или му се враќаат на корисникот по негово барање и приложен доказ за уплата“, велат од ЕВН Хоум.

Регулаторната комисија за енергетика во петокот апелираше до ЕВН Хоум да ги корегира јануарските сметки за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди. Тоа значи дека пресметките треба да бидат прецизни за да не предизвикуваат преминување на количината на енергија во повисоки блокови за кои и цената на струјата е поскапа.

ОД ЕВН Хоум пак велат дека имаат помалку барања за корекции на фактури за разлика од минатите години.

  • „ЕВН Хоме, на ниво на територија на целата држава, во јануари 2025 и декември 2024 има добиено околу 18% помалку барања за корекции на фактури во споредба со јануари 2024 и декември 2023“, додаваат оттаму.

Од Регулаторна ги повикуваа потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на струја да поднесат приговор до ЕВН Хоум, а доколку не се задоволни од одговорот на компанијата имаат право да се жалат и на нивна адреса. Оттаму повикаа и политичките партии да не ги политизираат нивните одлуки, бидејќи регулаторна е  независно тело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) При обид да го ограби: фрижидер со пиво уби маж во Србија
Следна Статија Чешки научници во Албанија го открија најголемото подземно термално езеро во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Над 3,5 милиони евра годишно одат неповрат за гас што Македонија не го користи

Од октомври лани секој месец од државниот буџет се трошат по близу 300 илјади евра за закуп на природен гас…

May 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Зошто ни е неопходно подигнување на прагот за ДДВ?

Зошто ни е неопходно подигнување на прагот за ДДВ?, пишува Кирил Миноски, екс министер за финансии. Во продолжение ставот на…

February 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

ФАО: По пет месеци пад, зголемен индексот на цените на храната во светот

По пет месеци пад, светските цени на храната се зголемија во февруари – објави Организацијата за храна и земјоделство на…

March 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?