Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Се враќа во функција железничкиот сообраќај во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Се враќа во функција железничкиот сообраќај во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Се враќа во функција железничкиот сообраќај во Македонија

Објавено February 8, 2025 23:22
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, гостувајќи на Сител телевизија, објави дека повторно е воспоставена железничката линија Скопје – Куманово. По долг период на целосен застој, граѓаните конечно добија брз и ефикасен превоз помеѓу двата града.

„Ситуацијата во македонските железници беше исклучително лоша. Точно е дека Македонија имала возови уште во 19 век, за време на Османлиското Царство, а во 21 век остана без нив. Но, сега повторно имаме функционален возен систем“, изјави Николоски.

Новата линија овозможува патување од Скопје до Куманово за 41 минута, што е значително побрзо од автобускиот превоз, кој трае околу час и 15 минути, како и од патувањето со автомобил, кое вклучува дополнително време за паркинг и евентуални застои во сообраќајот.

Железничкиот сообраќај во Македонија се враќа во функција: Од 0 до 6 патнички и 8 карго локомотиви
Министерот Николоски нагласи дека пред само една година, Македонија немаше ниту една активна локомотива, што ја правеше земјата невидлива за меѓународниот карго транспорт.

„Со претходната влада, македонските пруги беа нефункционални – имавме 26 товарни композиции, но без локомотиви да ги извлечат. Поради тоа, карго компаниите беа принудени да патуваат 350 километри повеќе преку Бугарија, а патничкиот сообраќај беше речиси непостоечки“, објасни тој.

Денес, ситуацијата е значително подобрена:

6 активни патнички возови
8 активни карго локомотиви
Ова, според министерот, овозможува пристоен железнички сообраќај и создава основа за понатамошен развој.


Министерството за транспорт и врски работи на обновување и проширување на железничката мрежа низ државата. Според Николоски, се планираат почести возови кон Битола и Прилеп, како и воведување меѓуградски линии до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани.


Во однос на економските резултати, министерот откри дека споредбата меѓу последното тримесечје на 2024 со 2023 покажува:

75% зголемување на карго транспортот, кој носи најголеми приходи за железницата.
37% зголемување на бројот на патници.

„Се разбира, ова е далеку од идеално, но за само 6-7 месеци направивме голем напредок. Во годините пред нас ќе работиме уште повеќе за целосна модернизација“, додаде Николоски.

Министерот ја истакна важноста на железничката врска со Бугарија, како клучен дел од Коридорот 8

„Се заврши првата делница од 31 км од Куманово до Бељаковце. Активно се работи на втората од 34 км од Бељаковце до влезот на Крива Паланка, а очекуваме наскоро да го решиме и третиот дел во договор со бугарската влада“, изјави Николоски.

Во однос на односите со Бугарија, тој потенцираше дека разговорите сега се водат на техничко, а не на политичко ниво.

„Минатото лето ги истакнав техничките проблеми со пругата, но темата се политизираше. Сега, Бугарија беше во предизборен период, страстите се смирија и сфатија дека сме во право. Формиравме комисија со Министерството за финансии и Македонски железници, и бараме јасна заложба од Бугарија за инвестирање во проектот“, објасни тој.


Македонската страна инсистира на три основни услови за завршување на пругата кон Софија:

Изградба на комплетен тунел, а не половичен, како што беше првично планирано.
Бугарија да го заврши својот дел од пругата и да ја реставрира постоечката инфраструктура.
Ревизија на цената, бидејќи проектот е прескап во сегашната форма.
Целта – Скопје – Софија – Бургас како дел од Коридорот 8
Министерот потенцираше дека целта не е само железничка врска од Скопје до Крива Паланка, бидејќи таа веќе постои.

„Поентата е поврзување на Скопје – Софија – Бургас, што ќе овозможи целосно функционален Коридор 8 на источната страна“, заклучи Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Му падна тркалото: Oбид за атентат врз Вучиќ?
Следна Статија Матео Ретеги е најдобар стрелец во Серија А

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Златото и среброто со историски рекордна цена

На европските берзи денеска преовладува празнична атмосфера, бидејќи голем дел од пазарите се затворени поради прославата на Бадник според Грегоријанскиот…

December 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска остварија средба со делегација на Европската банка за обнова и…

November 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Инвестиција од 40 милиони евра и до 600 нови вработувања: Стартуваше изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили

Во ТИРЗ Кичево денеска стартуваше изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека во новиот буџет кој е во изработка за следната 2025 година ќе бидат предвидени…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?