Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: ГОБ „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Таравари: ГОБ „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар
ЗДРАВЈЕ

Таравари: ГОБ „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар

Објавено February 10, 2025 13:17
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар бекап за клинички центар.

Мислам дека ГОБ „8 Септември“ треба да биде втора клиничка болница во Скопје, меѓутоа треба да се дадат повеќе ингеренции. Мислам дека GOB „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар, нагласи министерот, одговбарајќи на новинарски прашања по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники.

На прашање до кога ќе биде паузирана изградбата на нов клинички центар, тој одговори:

Во 2025 сигурно не е планирано, 2026 ќе збориме и ќе ви кажаме доколку има нешто конкренто.

Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравство минатата недела изјави дека е во план ГОБ „8 Септември“ во Скопје да прерсне во регионален центар за болните од Скопје, Велес и Куманово.

Клековски кажа дека Владата планира да ја стави на пауза идејата за изградба на нов клинички центар поради демографскиот пад на населението, од една страна, но и неискористените капацитети на ГОБ „8 Септември“ кои можат значително да го растеретат постојниот Клинички центар „Мајка Тереза“.

Нам демографијата ни паѓа, со текот на годините имаме сѐ помалку население, така што мораме да ги погледнеме и бројките на осигуреници и на пациенти. Второ, дел од капацитетите не се искористени како што треба. Од сите постоечки капацитети во Македонија, најблиску до стандарди за нешто повеќе, вклучувајќи и за универзитетска клиника, има ГОБ „8 Септември“, рече Клековски.

ГОБ „8 Септември“ има 150 квадратни метри со болнички кревети наспроти Старата Градска болница, сегашна „Свети Наум Охридски“ каде што има нешто повеќе од 30 квадратни метри. Клековски вели дека во извештаи на Светската здравствена организација (СЗО) се споменува дека е потребна реорганизација на здравството.

Морам да кажам дека во „8 Септември“ се изведуваат методи кои не се изведуваат на Клиника. Тука гледаме најмногу потенцијал, со најмало вложување да добиеме најдобар одговор. Освен Онкологијата, мислам дека ќе бидат најавени нови проекти, како на пример Нефрологија – рече Клековски додавајќи дека за оваа идеја се потребни законски измени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
Следна Статија Николовски: Се увезувале автомобили без да бидат платени царини, осум цариници добија откази

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Андовски: Во болницата во Кавадарци донирани опрема и медицински материјали од ОМД

Во болницата во Кавадарци се донирани опрема, апаратура и медицински материјали од големо значење за регионот, донација од Обединета македонска…

July 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пет намирници кои никогаш не треба да ги комбинирате со кафе

Голем број луѓе не можат да го замислат утрото без да го испијат омилениот црн пијалок, а токму кафето ги…

November 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

Намирници што треба да ги избегнувате кога сте болни

Некои намирници кои се инаку здрави можат да ги влошат симптомите и да го отежнат закрепнувањето. Еве неколку намирници што…

December 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Први симптоми на дијабетес, не ги игнорирајте

Дијабетесот може да предизвика низа компликации ако не се открие навреме. Многу е важно да го препознаете што е можно…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?