Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година

Објавено February 11, 2025 08:55
Сподели
Сподели

Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Тошковски рече дека за овој систем за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци да почне да работи, освен поставување техничка инфраструктура, треба да се усогласат низа закони. Формирана е работна група во која има експерти од различни области, претставници на повеќе институции и МВР, кои, според министерот, интензивно работат на решение.

-Што се констатираше досега? Неусогласеност на законите од аспект на нејасно дефинирање на Кривичен законик (КЗ) со Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата и Закон за прекршоци. Преклопување на дејствија на извршување. Значи, ние мораме да опфатиме измени и дополнување на КЗ за да разграничиме јасно што е кривично дело, а што е прекршок од аспект на безобѕирно управување со моторно возило, и мене ако ме прашате лично, да додадеме во рамки на дејствијата на безобѕирно управување со моторно возило и одземање на возачка дозвола, рече Тошковски.

Министерот додаде дека мора да се регулира доказната вредност на камерите.

-Од денешен аспект, управување со моторно возило од аспект на забрана кога се изрекува, на еден начин е дефинирано во Законот за безбедност, на сосема друг начин е регулирано во Законот за извршување санкции. Не е јасно од кога почнува да тече изречената забрана. И го знаат тоа луѓето, го знаат тоа македонските граѓани, оние барем коишто се казнети. Се упатуваат до Министерството, па им велат – не сега, не сме ја примиле итн. Тоа мораме да го решиме. Доказната вредност на камерите во рамки на Законот за прекршоци мора јасно да се дефинира за да можеме да ја употребуваме како доказ во рамки на судска постапка. Одговорност на сопственикот на возилото. Ако не тргнеме од правна претпоставка дека тој што го регистрирал возилото е одговорен, иако го дал на некој од неговата фамилија, за сторениот сообраќаен прекршок, ништо не сме сториле, рече Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мета почна да отпушта работници, 3.600 работни места се укинуваат
Следна Статија Паркот „Жена Борец“ во Скопје мета на вандали

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски од Прилеп: Многу добро се знае дека Македонија беше под окупација, а не под администрација

Заменик претседателот на Владата и Министер за транспорт, Александар Николоски, денеска присуствуваше во Прилеп на одбележувањето на Денот на народното…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Барањето за уставни измени нема ништо заедничко со Копенхашките критериуми

Нашиот пат кон Брисел наликува на маратон, маратон за кој понекогош мислам дека може да се прашаме „дали го чекаме…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре силен ветер со над 70 км/ч, од недела вистинска пролет

Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време за претстојната сабота, особено во источните делови на земјата каде се очекуваат врнежи…

April 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?