Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чешки научници во Албанија го открија најголемото подземно термално езеро во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Чешки научници во Албанија го открија најголемото подземно термално езеро во светот
БАЛКАН

Чешки научници во Албанија го открија најголемото подземно термално езеро во светот

Објавено February 11, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Тим чешки научници, во јужниот дел на Албанија, го открија најголемото подземно термално езеро во светот и го именувале „Нејронско Езеро“, по фондацијата „Нејрон“ што ја финансирала експедицијата.

Откритието дојде по неколкугодишно истражување во долините на планинските погранични области меѓу Грција и Албанија, во сложени подземни услови. Тимот го предводел чешкиот спелеолог Марек Ауди, кој се сомневал дека постои скриен систем на термални пештери во јужниот албански регион Вромонер.

Додека ја мапираа областа, во близина на грчката граница, и ја следеа пареата од бројните загреани извори, научниците открија бездна длабока 100 метри. На неговото дно, го пронашле езерото, кое е долго 138 метри, со широчина од 42 метри а може да собере 8.335 кубни метри топла вода, објави албанската државна агенција АТА.

Во регионот Вромонер, на албанската страна на границата, научниците во 2021 година наишле на обемен пештерски систем, кој оттогаш го мапирале детално.
Тие велат дека сега знаат дека околните топли извори се со вода од подземно езеро.

„Веруваме дека ова откритие би можело да придонесе и за заштита на целата област и подобро разбирање на нејзината хидрологија, бидејќи до денес никој не знае точно како овие подземни води се поврзани со површината“, изјавил членот на тимот Ричард Бад, фотограф и спелеолог.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕВН: Колку и да се жалат граѓаните на високите јануарски сметки за струја, на крај пак ќе си ги платат
Следна Статија ФБИ откри нови тајни документи за атентатот на Џон Кенеди: „Ова е огромно“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Снимка од бруталното убиство на момче во Белград- го изрешетале додека седел во џипот (ВИДЕО)

Telegraf.rs успеа да добие видео од егзекуција во центарот на Белград. Имено, како што може да се види на ВИДЕОТО на…

June 7, 2025
БАЛКАН

Ова е момчето коешто однесе цела фамилија во смрт

Никола Ѓокиќ (24), возач од БиХ за кој постои сомнение дека бил пијан и предизвикал страшна несреќа во неделата еден…

October 27, 2025
БАЛКАН

Усеин Болт го промовира проектот на Вучиќ од 17 милијарди евра

Најбрзиот човек на светот, атлетичарот Усеин Болт од Јамајка, ќе биде амбасадор на специјализираната меѓународна изложба „EXPO“, која треба да…

June 18, 2025
БАЛКАН

Писмо до Рубио: Конгресмени и сенатори бараат пресметка со Додик

Група американски конгресмени и сенатори испратија писмо до државниот секретар Марко Рубио, барајќи од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?