Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница најверојатно на почетокот на март
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница најверојатно на почетокот на март
МАКЕДОНИЈА

Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница најверојатно на почетокот на март

Објавено February 10, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Откако во петокот пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ до Собранието поднесоа поединечни интерпелации за членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми, претседателот на законодавниот дом Африм Гаши, според Деловникот, треба да ги достави до нив и во рок од десет дена да добие одговор дали тие ќе се изјаснат за содржаните наводи. Дури откако ќе помине овој рок без разлика дали членовите на Советот, кои се избрани од Собранието, ќе сакаат да се изјаснат или не, Гаши ќе може да ја закаже седницата на која ќе се расправа по овие интерпелации.

Согласно овие рокови, очекувањата се дека седница на која ќе се расправа за интерпелациите би имало до или на почетокот на март. Имајќи предвид на барањата за интерпелации се потпишани 67 пратеници исходот е извесен, но сепак тоа не значи дека Дамева, Мустафа, Чачаропва-Илиевска, Црвенковска и Адеми ќе заминат од овие функции.

Гаши денеска, како и секој понеделник, треба да одржи редовна координативна средба со првите луѓе на пратеничките групи во Собранието, по што би можело да се знае кога би се одржала оваа седница, но и за тоа што се би можело да се најде на седницата закажана за 12 февруари. Засега на оваа 34. пленарна седница на предложениот дневен ред се само 12 точки.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите кажа дека нема начин со сила да биде разрешен Судскиот совет, ниту членовите кои се избрани од Собранието, а за кои е поднесена интерпелација.

-Можат да не дадат оставки и покрај изгласаната недоверба. Сепак, борбата за промени во правосудниот систем ќе биде со јавен притисок, рече Мицкоски.

Потсети дека Собранието не го прифатило извештајот за работата на Судскиот совет и оти сега е логично пратениците да поднесат интерпелација на членовите на Судски совет кои тие ги избрале.

-Но, ќе повторам, тоа не значи дека им престанува мандатот на тие членови. Сепак, тие можат да си речат дека не си поднесуваме оставка и ќе останеме и понатаму да го водиме судството со доверба кај граѓаните од два проценти. Условно кажано, законот е таков – непрецизен и може тоа да се случи, рече Мицкоски.

Премиерот вели дека тоа нема го изненади и оти тие како политичари можат да направат само јавен притисок бидејќи цени дека јавноста не е задоволна од работењето на овој состав.

-Со сила ништо не можеме да направиме. Нив до последно ги штити законот. Се разбира, таков е законот, тие можат да си речат не поднесуваме оставка и ќе тераме додека не ни завршат мандатите. Инаку кои се алатките? Еве за да нема дилема. Алатката е јавноста. Се бориме јавно. Вистината е најпрецизна во јавноста. Ќе се бориме со јавноста. Ценам дека јавноста не е задоволна од работењето на овој состав на Судскиот совет и мислам дека нема подобра алатка од јавноста. Апсолутно со јавен притисок, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по стартот на реконструкција на сквер во Општина Аеродром.

Премиерот посочи дека се надева оти тие ќе поднесат оставки.

-Мислам дека ќе бидат доблесни, доколку се изгласа интерпелацијата, односно доколку заклучокот на пратениците е да има промени таму, тие да си заминат, рече Мицкоски.

Бирањето на нови членови на Судскиот совет, според него, ќе биде според законот што во моментот е во сила.

Во поднесените интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет до претседателот на Собранието Африм Гаши се посочува дека се поднесуваат заради недоследно спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филаделфија го декласира Канзас Сити и го освои Супербоул!
Следна Статија Гренел и Маск бараат затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Изјавите на Филипче се какафонични, една со друга контрадикторни

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Тој изврши увид на нова апаратура која…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата

Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на АРМ

Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука да го укине Параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?