Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Да им се одземаат возилата на возачите што прават тешки прекршоци во сообраќајот, предложи Филипче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Да им се одземаат возилата на возачите што прават тешки прекршоци во сообраќајот, предложи Филипче
МАКЕДОНИЈА

Да им се одземаат возилата на возачите што прават тешки прекршоци во сообраќајот, предложи Филипче

Објавено February 4, 2025 14:03
Сподели
Сподели

Да им се одземаат возилата на возачите што прават тешки рекршоци во сообраќајот, предложи денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Тој најави дека неговата партија на претстојната јавна расправа во Собранието ќе предложи неколку законски измени.

– Добро што ќе има јавна расправа во Собранието за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот. Ние како партија деновиве работиме на одредени предлог законски решенија, од кои едното се однесува на одземање на возилото, меѓудругото, како една од мерките во потешките случаи – рече Филипче.

На новинаrско прашање дали смета дека ја постигнале целта кога како власт во 2021 година ги намалија казните за безбедност во сообраќајот, тој истакна дека секој немил настан треба да биде поттик за подобрување на системот.

– Имаме два конкретни предлога како партија. Прво, да има присутен полицаец пред и во секое училиште за време на наставата. Тој полицаец би се грижел за безбедноста на влезот во училиштето и на пешачките премини и секако за безбедноста на училиштето, гледајќи што се случува со некои инциденти во регионот. И вториот предлог ќе биде сериозно заострување на казните за најтешките прекршоци во сообраќајот, кои што дури ќе вклучуваат и одземање на возилото по примерот на некои европски земји – изјави Филипче.

Во Собранието в петок ќе се одржи јавна расправа за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот, на барање на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, а поддршка дадоа и Левица и Европскиот фронт.

Иницијативата следува по трагичната сообраќајна несреќа минатата недела, на 29 јануари, во која животот го загуби 22-годишната студентка од Неготино, Фросина Кулакова. Таа беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов, за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и поминал на црвено светло.  Настанот предизвика револт во јавноста, особено по сознанијата дека сторителот и претходно бил во судир со законот, а во моментот кога го сторил делото се уште бил на слобода.

Тој ќе одговара за најтешко кривично дело во областа на безбедноста на сообраќајот и тоа со умисла, за што може да добие затворска казна од 4 до 20 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Именувана нова директорка на Детска клиника Козле, д-р Катерина Бошковска
Следна Статија Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се менуваат закони за „Безбеден град“, најавени поригорозни мерки

За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Дигитализацијата е новата енергија на управувањето

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

ИРЛ: Криминална банда подигала брзи кредити на име на изнемоштени, сиромашни граѓани со фалсификат лични карти

Криминална група од Македонија изработувала фалсификувани лични карти, во кои биле злоупотребувани личните податоци на македонски граѓани и биле „лепени“…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Половина метар е најдолгото гласачко ливче, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња

Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?