Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство
МАКЕДОНИЈА

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Објавено November 24, 2024 20:40
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на централниот настан насловен „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“ што во организација на мисијата на ОБСЕ во Скопје се одржа во Културно-едукативниот центар Лабораториум, а во рамки на 16-те дена активизам против родово-заснованото насилство.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека овде се собрани за да се фрли светлина на едно прашање што предолго време фрла сенка на премногу животи, а тоа е родово-заснованото насилство, злосторство што ги надминува границите, ги надминува културите, го надминува социо-економскиот статус и бара обединета акција.

Најважна за лекувањето на проблемот е идентификацијата, видливоста на оние кои се најранливите категории зошто идентификацијата тогаш е со нив и се чувствуваат покомотно и позаштитено“, истакна Претседателката повикувајќи ги сите, не само жената и децата да ја прекинат тишината и молкот.

„Треба да ја оспориме неправдата, треба да ја потврдиме посветеноста во свет кадешто безбедноста и достоинството не се привилегија на најголемите и најсилните, туку се права што мора да ги уживаат сите, и малите држави и запоставените и поинаквите по било кој основ, тоа е човечка обврска“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

„Овде како лидери, како креатори на политики, како застапници на сечии интереси, а најмногу на интересите на најранливите, имаме моќ да обликуваме еден свет во којшто нема да го толерираме ваквото насилство“, нагласи Претседателката додавајќи дека за да се постигне тоа треба да се отворат мировни фронтови на сите страни, мора да се оспорат, да се предизвикаат штетните стереотипи, мора да се посочува и да се спроведува еднаквост без оглед на припадноста, но најважно е мора да се почитуваат вредностите, да се промовира ненасилство уште од најрана возраст.

На настанот на којшто се обратија министерката за образование и наука, Весна Јаневска, пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, а видео обраќање имаше шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал, беше прикажан видео материјал создаден во соработка со Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, по што се одржа панел дискусија со релевантните чинители.

Централен дел на настанот беше потпишувањето на Декларацијата на намери, како јавна заложба за борба против насилството врз младите жени и девојки и којашто содржи десет акциски точки со конкретни мерки кои Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги поддржи во 2025 година. Декларацијата беше потпишана од претседателката Сиљановска Давкова, министерката за образование, Весна Јаневска, претставници на локални училишта, младински организации и НВО-и активни во борбата за ставање крај на насилството врз жените.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешната директорка на „Отворено општество“ стана потпретседателка на СДСМ
Следна Статија Русите сменија генерал- лажел за напредувањето на трупите во Доњец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО

До нашата редакција пристигна фотографии од МРТВ каде што еден од двата лифта не работи пренесува Сител.  Во зграда која…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува

Новата инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ е уште еден темел на економската доверба и јасен сигнал дека кога институциите се…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ние не го создадовме „Вардариште“, но ќе го решиме и „Дрисла“ ќе стане модерна европска депонија

Депонијата „Вардариште“ не ја создаде оваа Влада во изминатите 15 месеци. Тоа е создавано 35 години, а може и повеќе,…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?