Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали парите од ЕУ за Македонија со Планот за раст ќе стигнат побрзо?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дали парите од ЕУ за Македонија со Планот за раст ќе стигнат побрзо?
МАКЕДОНИЈА

Дали парите од ЕУ за Македонија со Планот за раст ќе стигнат побрзо?

Објавено January 16, 2025 10:40
Сподели
Сподели

Се работи на тоа исплатата на средствата од предфинасирањето за Македонија во рамки на Планот за раст за Западниот Балкан да се случи што е можно поскоро, изјави за МИА портпарол на Европската комисија. 

– Службите на Комисијата го добија барањето за предфинансирање поднесено од Македонија и сега ги финализираат процедуралните чекори, кои треба да овозможат ослободувањето на предфинансирањето да се случи што е можно поскоро во 2025 година, изјави портпаролот.  

Тој потсети дека Реформската агенда, која опфаќа реформи во областа на основните права и социо-економски реформи, земјава ги поднесе лани во јули, по што Еврокомисијата оцени и заклучи дека таа е во согласност со целите и барањата на Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан.  

Реформската агенда беше одобрена на 23 октомври 2024 година со Одлука за спроведување на Комисијата, по позитивно мислење од земјите членки (во Комитетот ИПА III). За да започнат реформите, земјите може да побараат до седум отсто средства во форма на предфинансирање. Тоа го побараа сите пет корисници со одобрени реформски агенди. Ова ја вклучува и Македонија, истакна портпаролот. 

Тој додаде дека Планот за раст на Западниот Балкан нуди патоказ за приближување на економиите на земјите од регионот до Европската унија.

– Поконкретно, тоа се шест милијарди евра инвестиции, а принципот е и инвестиции и реформи, што обезбедува постепен пристап до единствениот пазар, овозможувајќи им на граѓаните од Западниот Балкан да пред време да почувствуваат некои придобивки од интеграцијата во ЕУ, изјави портпарол на Европската комисија за МИА

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проштално обраќање на Бајден: Во САД се создава „опасна“ олигархија | ВИДЕО
Следна Статија (Видео) Мел Гибсон ја посети својата опожарена куќа: „Можеш да ја ставиш во урна“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секоја година долгот на „МЖ транспорт“ кон хрватска компанија се зголемува за еден милион евра

Судскиот спор за меѓународно признат долг на „Железници на РСМ – транспорт“ АД Скопје кон „Хрватски железници – карго“ е…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.  Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?