Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Свети Игнат – Што ќе правите денес, тоа ќе го правите во текот на целата година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Денеска е Свети Игнат – Што ќе правите денес, тоа ќе го правите во текот на целата година
ЗАБАВА

Денеска е Свети Игнат – Што ќе правите денес, тоа ќе го правите во текот на целата година

Објавено January 2, 2025 10:00
Сподели
Сподели

Игнатовден, односно Св. Игнат, е христијански празник кој православните христијани го слават на 2 јануари.

Според едни верувања, на овој ден Пресвета Богородица ги добила породилните болки, но во преданијата на Православната црква јасно е нагласено дека таа воошто немала породилни болки.

На територија на Македонија овој празник е проследен со многу суеверија, обичаи и верувања, а речиси сите православни верници сметаат дека она што го правите денес, ќе го правите и во текот на целата година.

Кој е Св. Игнат (Игнатиј Богоносец)?

Свети Игнатиј е роден во Сирија. Кога тој бил дете, според преданието, го зел Исус  во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно.“ Поради тоа што го носел Исус во прегратка е наречен Богоносец. Тој бил ученик на Jован Богослов, како и свети Поликарп, епископот на Смирна. Игнатиј бил третиот епископ на Антиохиja и наследник на Еводиј Антиохиски. Богоносец се нарекува бидејќи според христијанските преданија, Името на Спасителот секогаш го имал во своето срце и постојано му се молел.

На 20 декември (според грегоријанскиот календар), во ден на пагански празник, свети Игнатиј бил изведен во Колосеумот. Тој се обратил кон народот: „Римски мажи, вие знаете дека сум осуден на смрт, не заради злостораство, туку заради мојот Еден Бог, кон кого со љубов сум приврзан и кон Кого стремам. Јас сум негова пченица и ќе ме смелат забите на ѕверовите, за да станам негов чист леб.”

Веднаш потоа биле пуштени лавовите. Преданието раскажува дека, одејќи кон местото на страдањето, свети Игнатиј постојано го повторувал името на Исус Христос. Кога го прашале зошто тоа го прави, свети Игнатиј одговорил дека го носи тоа име во своето срце, „а Оној што е запечатен во моето срце, Него со устата го исповедам”.

Обичаи, верувања и суеверија

На овој ден започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово – Божик и затоа се нарекува и Прв Божик. Празникот секогаш е пет дена пред Божик и со него започнуваат свеченостите поврзани со зимските празници. Поголем број обичаи поврзани со овој празник упатуваат на заклучокот дека со овој ден започнуваат и новогодишните обичаи, а има и такви што потсетуваат на свеченостите поврзани со далечните пагански прослави на зимската краткодневица и враќањето на сонцето од јужните напоредници. Во таа смисла се обредните огнови познати кај многу народи.

На овој ден, велешани вообичаено вареле пченица и пченка, за плодна година. Во гевгелиско на овој празник жените кои имаат деца не работеле. Во Штип и штипско ги тегнеле децата за уши за да пораснат повеќе. Во Радовиш овој ден традиционално се прославувал мирно, никој не повишувал тон, не се пеело, а денот се започнувал со слатко или нешто благо, наместо со вообичаен појадок. Во скопско се кршеле гранчиња од зеленика, смрека и даб и со нив се потпалувал оган, како благослов за семејството, земјата и стоката. Во Охрид се приготвувале питулици во чест на Исус Христос. Во тетовско на овој ден не се позајмува ништо, додека во мавровско, се очекувале гости, а според изгледот на првиот кој ќе влезе во куќата, се прогнозирала целата година.

Денес именден слават сите кои носат имиња изведени од Игнат – Иги, Натко, Игнатиј… 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова никогаш не се случило досега, шахот има двајца светски шампиони
Следна Статија Мицкоски: Во завршни преговори сме со компанија од многу моќна членка на ЕУ за инвестиција меѓу 350-360 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Се огласи Ана Винтур: го напушта „Vogue“ по 37 години

Ана Винтур утрово го информираше тимот на „Vogue“ дека списанието наскоро ќе бара нов уреднички уредник. Иако Ана останува на…

June 27, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Новата фризура на Доналд Трамп ги запали социјалните медиуми

Препознатливата фризура на Доналд Трамп беше иконски дел од неговиот бренд долго пред да зачекори на политичката арена. Но, новото…

December 19, 2024
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Парче од Марс што падна на Земјата е на продажба: Цената е астрономска

Аукциската куќа „Сотби“ става на аукција парче од Марс, за кое се очекува да достигне цена до 4 милиони долари.NWT…

July 13, 2025
ЗАБАВА

Традиционален концерт по повод Василица во Националната опера и балет

На 11 и 13 јануари 2025, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Традиционалниот концерт по повод празникот Василица.…

December 31, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?