Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Десет фирми за пет години добиле тендери за една милијарда евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Десет фирми за пет години добиле тендери за една милијарда евра
ЕКОНОМИЈА

Десет фирми за пет години добиле тендери за една милијарда евра

Објавено December 6, 2024 10:37
Сподели
Сподели

Во последните пет години во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а 36 % од нив, односно 2,1 милијарда евра им припаднала само на 50 фирми. Само првите 10 фирми на врвот од оваа листа добиле тендери во вредност од 1 милијарда евра. Во листата на најголеми добитници на тендери се градежни компании, веледрогерии, дистирбутери на нафтени деривати итн. На дел од компаниите кои се на листата 50 најголеми добитници на тендери, речиси целиот бизнис им почива на договори за јавни набавки. Во првите 10 фирми се Марковски Компани Битола, Д-р Пановски, Пуцко Петрол, Алкалоид Конс, Енерџи Деливери Солушнс, Макпетрол, Илинден Струга, Гранит, Македонски телеком и Стентон Градба Битола.

Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за 50-те фирми кои добиле најмногу пари во јавните набавки во последните пет години (2019-2023 година) и отворената база на податоци за нив.

Според истражувањето, фирмите кои добиле најголема вредност на тендерите во изминатите 5 години, во најголем дел се од земјава и ним им припаднале 95 отсто од вредноста на тендерите. Само 5 отсто земале фирми од странство. Притоа, убедливо најголем удел имаат скопските фирми, а по нив битолските.

Прворангираната фирма, Марковски Компани, за 5 години има склучени вкупно 77 договори за јавни набавки во вредност од 151 милион евра. Дури 66 тендери им се склучени со државното претпријатие АД Електрани, во вредност од 141 милион евра. Второпласираната Д-р Пановски во анализираниот петгодишен период има склучено 1 491 договор во вредност од 144 милиони евра. Трета е Пуцко Петрол од с. Пласница со склучени 1 776 договори во вредност од 137 милиони евра, наведува Центарот за граѓански комуникации.

Според дејноста, дури 39 отсто од вредноста на договорите отпаѓа на градежништвото каде припаѓаат и договорите на АД Електрани за користење на механизација и работници за ископ на јаглен. На второ место се тендерите за набавка на лекови и медицинска опрема во вредност од 559 милиони евра и удел од 27 отсто. На трето се нафтените деривати со вредност од 297 милиони евра и удел од 14 отсто. Сите други фирми, согласно дејноста, имаат удел под 10 проценти.

Одредени компании во изминатите пет години имале поголема вредност на добиените тендери отколку вредноста на вкупните приходи што ги оствариле. Ова значи дека договорите се склучени, но побарувањата за нив или сè уште не доспеале или пак не се наплатени. Но, ова секако зборува дека бизнисот на овие компании целосно почива на јавните набавки, велат од Центарот за граѓански комуникации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинение против две лица за поседување оружје и муниција во Скопје
Следна Статија Трамп го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преуредете го вашето работно место со 60$ попуст на Anker Prime станица за докување

Поврзете до три монитори одеднаш и зголемете ја вашата продуктивност

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ова се топ 20 најдобри работодавци во светот

Во текот на изминатата година, глобалната економија беше обележана со економски неизвесности и политички превирања. И покрај предизвиците, Форбс вели…

December 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи целата ситуација за да ги зацврсти односите со САД – ова може да биде шанса за македонската економија

Македонија од ова може да искористи, можеби ќе успееме да ги направиме уште поцврсти врските со Соединетите Американски Држави и…

April 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Велковски: Со Оперативниот план сакаме да ги задржиме младите во Македонија, овде да ја градат својата иднина

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната трибина којшто се одржа во Владата во врска со…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?