Џенифер Лопез како “жешка“ каубојка: На одморот во Аспен позираше во бикини и крзнени чизми (ФОТО)

- Advertisement -

Џенифер Лопез ја прослави Новата година во Аспен, Колорадо, а за време на престојот во луксузното одморалиште сподели фотографии од невообичаена модна комбинација – бикини со крзнени чизми.

Пејачката и актерка објави фотографии на својот Инстаграм профил, како и на билтенот за нејзините обожаватели „On Jlo“, а на фотографиите Лопез позираше само во црно бикини и крзнени чизми.

Покрај тоа, таа имаше и црна каубојски шешир, а ова издание го комплетираше со ланче во форма на срце.

„Ќе се вратиме во Аспен“, напиша таа под фотографијата од одморот.

Лопез сподели уште неколку забавни моменти од нејзиното еднонеделно патување, вклучително и неколку снимки со 16-годишните близнаци Макс и Ема.

На снежниот одмор ѝ се придружија нејзината мајка Гвадалупе, сестрата Линда, менаџерот Бени Медина и други пријатели.

Screenshot 2025-01-03 100451.png

За време на одморот во Аспен, актерката беше фотографирана во друштво на Кевин Костнер, а шпекулациите за можната врска меѓу нив почнаа да се шират.

Screenshot 2025-01-03 100409 - Copy.png
Сподели ја оваа статија