Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти

Објавено November 22, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит често го надминува поставеното правило од 3 отсто, особено со ребалансот, што покажува слабости во планирањето. За добро планирање, неопходни се јасни податоци за трошоците и расходите од сите институции. Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти. МФ, веќе планира воведување на национална класификација и измени на Законот за буџети, во насока на цетрализиран систем на инвестирање.

Ова беше порачано на настанот „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, во организација на Фискалниот Совет на Република Македонија и Finance Think.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, на панелот „Фискалните правила и ефективна фискална политика“, го отвори прашањето, дали анализираме реални бројки и неопходноста на, како што рече, точно регистрирање на сите плаќања и трошоци, за да имаме добра подготвеност на националните класификации на Буџетот и правилни и вистински бројки за да можеме да планираме.

Втор момент е што во дадени години имаме надминување на дадениот лимит од 3 проценти на буџетскиот дефицит.

– Ние сме држава во развој. Не е страшно ако се пробие лимитот од 3 проценти. Не е проблемот дали сме потрошиле за нешто повеќе, но за што сме ги потрошиле. Лично, сметам дека кога се трошеше за Скопје 2014 беа непотребни, изјави Димитриеска Кочоска.

Според Димитриеска Кочоска, ние имаме сериозен проблем со институциите во делот на разбирање на финансиите. Кога го правевме Буџетот за 2025 година, посочи министерката, имале проблем со многу од институците и затоа и ја започнале Академијата за финансиска политика.

– Сметаме дека е потребна дополнителна обука на сите институции во делот на финансиите. Замислете 30 години ние така функционираме, а за мене е најголем проблем, изјави Кочоска.

Друг проблем, нагласи таа, се социјалните исплати преку МТСП и Агенција за вработување.

– Работиме на имплементација на софтвер за овој проблем. Паралелно со тоа работи и Агенцијата, на детектирање на тие лица и нивна преквалификација. Исто е со земјоделието. Тој што сака да работи земјоделство да работи и да добие поддршка, а тој што сала да се крие зад социјалната помош, да биде префрлен во социјала. Мора работите да ги решаваме од корен, изјави Димитриеска Кочоска.

МФ, нагласи министерката, ќе иницира измена на Законот за буџети, посочувајќи дека не може повеќе министрите сами да одлучуваат во што ќе инвестираат, и тоа треба да биде посистемски. Одлучивме да на нов сектор за следење на јавните инвестиции.

– Ние имавме период на потпишување на колективни договори, кои сега се рак рана на Буџетот. Сакаме да бидеме економија како САД, а да се однесуваме така што ќе имаме постојан пад на продуктивноста. Нас во 2025 ни е најголем предизвик да го решиме овој проблем. Треба да биде фер и платите да бидат исти за сите, во сите институции, нагласи Димитриеска Кочоска.

Претседателот на Фискалниот Совет на РСМ Глигор Бишев, рече дека имаме широко убедување дека држењето на фиксен данок и експанзивна фискална политика, ќе донесе економски раст.

– Цената на тоа е перманентно зголемување на буџетскиот дефицит, без да иницира економски раст, нагласи Бишев.

Контролата на фискалната дисциплина, посочи Бишев, бара конзистентност и да не се менува често, туку да се прават проекции на 3 до 5 години.

На почетокот беше презентирана студијата „Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Македонија: патот кон одржливост“ на Благица Петрески, извршна директорка Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, која прави анализа на фискалната дисциплина во периодот од 2008- 2024 година. Студијата, како што нагласи, ги истражува и анализира принципите на фискалната политика и трошоците согласно новите правила за фискална дисциплина од 2022 година.

Анализата, нагласи Петреска, покажа дека просечниот годишен раст на јавниот долг е 7 проценти и надминува 60 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит често го надминува поставеното правило од 3 отсто, и надминува особено со ребалансот, што покажува слабости во планирањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Прво проверка дали сте подобни, па после ќе полагате за дозвола за оружје
Следна Статија Граѓаните да пријават дека не можат да искористат закажан лекарски преглед во Мој термин за да се намалат листите на чекање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Pepco влегува на македонскиот пазар – првата продавница се отвора во 2026 година во Скопје

Европскиот дисконтен малопродажен синџир Pepco ќе ги отвори првите продавници во Македонија во средината на 2026 година, започнувајќи во Скопје.…

October 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Нашите политики даваат конкретни резултати, по 12 години лет Скопје – Амстердам

Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам, напиша…

March 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бројот на вработени лица во Македонија бележи намалување!

Бројот на невработени лица во второто тримесечје од 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со првото тримесечје…

September 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

В година пензиите ќе растат два пати – 2.500 денари во март и ново усогласување во септември

Пензионерите во март ќе добијат покачување на пензиите за дополнителни 2.500 денари колку што беше и зголемувањето што почна со…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?