Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“

Објавено October 6, 2024 10:19
Сподели
Сподели

Покрај сите предизвици со кои се соочивме успеавме да ги консолидираме, да ги исконтролираме и да ги стабилизираме јавните финансии и да ги испланираме до крајот на годината, а сето она што го направвивме доби потврда и од Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, која го потврди кредитниот рејтинг на земјата, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ Сител.

Голем предизвик беше да се надминат сите оние проблеми што беа оставени од минатиот период и заради тоа презадоволни сме што успеавме да го задржиме кредитниот рејтинг. Тоа е важно од аспект на каматните стапки што ги добиваме кога издаваме еврообврзници на меѓународниот пазар, но уште поважно е што од него зависи интересот на инвеститорите, рече министерката.

Димитриеска-Кочоска додаде дека е важно што „Фич“ дава позитивни проекции за иднината, а кои се темелат врз основа на политиките што се планираат, а кои се споделени со „Фич“ на разговорите во Министерството за финансии.

Taa pојасни дека проекциите на „Фич“ се во линија со проекциите од Фискалната стратегија, која е усвоена минатата недела од страна на Владата, и дека се очекува во 2025 година консолидација, стабилизација во делот на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

Веќе го завршуваме буџетот за 2025 година и со новиот буџет буџетскиот дефицит ќе биде не повеќе од 4%, стапката на раст меѓу 3,5% и 3,7%, а инфлација под 3% и да нема зголемување на цените“, потенцира министерката.

Таа додаде дека растот се темели на инветиции, поддршка на приватниот сектор, проекти во општините, инфраструктурни проекти и слично и дека на среден рок со поголем раст на БДП ќе се намали и јавниот долг.

Во интервјуто во врска со состојбата на државната каса, Димитриеска-Кочоска потенцира дека во септември има посериозно наплата на буџетските приходи и тоа како во делот на Царинската управа, така и во Управата за јавни приходи.

Станува збор за многу краток период, но имаме одлични резултати. Над 20% раст на приходите во Царината, повеќе од 15% на приходите од ДДВ. Позитивни резултати има кај сите даноци, освен мало потфрлање на данокот на добивка“, рече министерката за финансии.

Таа најави дека договорот за кредитот од Унгарската експорт-импорт банка ќе се потпише во вторник и дека средствата треба да бидат уплатени до крајот на неделата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Брачна двојка од Јабланица загуби осум члена од семејството, самите ги пронашле телата
Следна Статија Почина најстариот народен херој на поранешна Југославија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Стапките на депозитите со благ раст, каматите на кредитите опаѓале и во јули

Просечните каматни стапки на банкарскиот сектор во јули ја продолжија тенденцијата на различни движења: каматите што се пресметуваат на кредитите…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азија подготвена за претпазлив почеток пред зафатена недела со податоци

Глобалните акции и обврзници започнаа декември под притисок, додека обновениот пад на криптовалутите и строгите коментари од Банката на Јапонија…

December 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Евалуација на следењето на синџирот на мислата – OpenAI

Претставуваме евалуации за следење на синџирот на мислата и проучуваме како тоа се менува со пресметковното време за тестирање, зајакнувачкото…

December 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во добра кондиција

Полнењето на државната каса се одвива подобро од планираното. Извршувањето на буџетот оди според очекувањата. Биле собрани повеќе приходи во…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?