Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Предлогот на СДСМ за лидерска средба е ловење на политички поени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: Предлогот на СДСМ за лидерска средба е ловење на политички поени
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Предлогот на СДСМ за лидерска средба е ловење на политички поени

Објавено December 1, 2024 21:50
Сподели
Сподели

Лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски не се согласува со предлогот на СДСМ за лидерска средба, по повод безбедносната состојба во земјава, по последните инциденти и сквернавењето на македонското знаме при прославата на Денот на албанското знаме на 28.ноември. Според неговите зборови, најавена е средба меѓу владеачките партии.

-Знам дека ние ќе имаме лидерска средба на ниво на владеачка коалиција за да поразговараме на сите теми. Ова што доаѓа како предлог од СДСМ е класично политичко лицемерие и ловење на политички поени. До вчера беа на власт и видовме како ловеа власт. Низ цела Македонија се развиорија споменици на УЧК и албанската заедница и не се преземаше ништо. Оваа власт нема намера така да функционира, кажа меѓу другото Димитриевски во вестите на Тв Сител.

Како што посочи претседателот на ЗНАМ, средбата меѓу лидерите на владеачките партии, премиерот најверојатно ќе ја свика во декември.

-ЗНАМ е владин партнер и за партиципирање во власта има разговарано само со ВМРО-ДПМНЕ. Ги имаме усогласено политиките. Немаме разговарано со ВЛЕН и се надевам во следниот период отворено ќе седнеме и ќе разговараме, како и за истакнувањето на државните симболи, кажа Димитриевски.

За изборот на новото раководство на СДСМ, градоначалникот на Куманово вели дека „нема простор за соработка со ваков СДСМ и ЗНАМ“. Според него, СДСМ не е променет ниту за милиметар.

-Почитувам голем број луѓе во таа партија и израснав во таа партија. Ќе подадеме рака на секој кој ќе ни се придружи, но ова управување на партијата преку далечинско…Првин треба да ги променат сите членови на Собранието. Јас им посакувам успех и среќа на сите планови, но многу се блиску до патот на грчката ПАСОК, оценува претседателот на ЗНАМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милетиќ: Македонското знаме и симболи се наши заеднички, на сите нас, без оглед на која етничка заедница припаѓаме
Следна Статија Песков: Меркел го осудува Путин поради неговото куче, а во Европа ги носат кучињата во ресторани и ги носат во јавен превоз

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски до ДУИ: Да не се надеваат на предвремени избори, на локалните ќе победи ВМРО

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска им порача на ДУИ дека „тоа така не оди“, кога во прашање е придобивање на гласови…

August 11, 2025
ПОЛИТИКА

Костадинов: Самиот ќе ги отстранам плакатите од минатите избори, не мора да малтретирате членови на СДСМ за такви работи

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов најави дека ќе плати фирма да ги отстрани неговите плакати од минатите избори и дека…

July 9, 2025
ПОЛИТИКА

Димовски: Членство на Албанија до 2030 нема да има – членството на сите земји од Западен Балкан ќе се случи заедно

Одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ, не е важно, бидејќи  дека сите земји од Западен Балкан заедно…

October 18, 2024
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Ние со САД и Европа, Бујар Османи со Лавров и „Отворен Балкан“

Повеќе од јасно е дека или си со Вашингтон и Европа, или си со српскиот свет. Ние во текот на…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?