Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години
ЕКОНОМИЈА

Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години

Објавено November 30, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Во текстилниот сектор за 14% е намален бројот на работници во текот на оваа година, покажуваат анализите на Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Тој посочува дека во изминатите 15 години ова е најголемиот пад на вработени во овој сектор. Причината е што кризата во Германија се рефлектира врз работата на македонските текстилни компании, кои традиционално се поврзани со овој пазар и со нарачките од партнерите. Излезот од кризата тој го гледа во крајот на војната во Украина и враќање на оптимизмот на германската економија.

-Вкупниот број на работници го достигна минимумот за последните петнаесет години, значи помалку од 30.000 работници. И мислам дека додека состојбата во Германија не се поправи, додека оптимизмот кај тие граѓани не се поправи, да не мислат на скривници, на заштита од нуклеарен напад, мислам дека состојбата наредната година би се влошила уште повеќе, вели Димитров.

Според Димитров кредитите од унгарскиот заем се стимул за стопанството, во делот на инвестициите. Додека за текстилниот сектор поволностите од кредитите можат да ги искористат компаниите кои произведуваат работна облека, додека оние кои шијат лонг и се во делот на модната индустрија се соочуваат со намален обем на производството.

– Ако се земе во предвид каматната стапка тоа се поволни кредити. Дел од текстилната индустрија која произведува репро матрејали или работна облека, ќе искористи дел од тие кредити. Се разбира имаме гранки кои се во подобра состојба и се надевам дека ќе ги искористат овие можности. Сакам да кажам дека како идеја е одлична, вели Димитров.

Прашан кога ќе се одржи Економско-социјалниот совет, Димитров одговори дека се очекува на почетокот на декември. На седницата освен точката за минималната плата, која е предлог на Сојузот на синдикатите на Македонија, од страна на бизнис секторот ќе се бара и да се стават и други точки, а тоа се барањата за прочистување на списокот на невработени, законски измени за пензионерите кои сакаат да работат, како и за потрошувачката кошничка. Димитров смета дека доколку потрошувачката кошничка ја објавува Државниот завод за статистика ќе биде многу пореална и врз критериуми кои се прифатени од Светска банка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бунтовниците во Сирија зазедоа половина од градот Алепо
Следна Статија Марковска Илиевска: Неспроведување на Одлуката на Советот е резултат на самоволието на Арсовска, скопјани да знаат дека виновникот за хаосот на улиците има име и презиме – Арсовска и СДС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цените на становите не се реални, потребно е системско делување за квадратот да падне

Цените на становите излегуваат од рамките на реалното и објективното. Наш приоритет е преку системско делување да придонесеме за рамнотежа…

July 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата ветува дека за околу 2,5 милиони евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси

Министерството за економија и труд бара, а Владата ќе го зголеми буџетот за поддршка на бизнисите при самовработување. За околу…

July 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Станува ли чоколадото елитна храна!

Чоколадото е омилена храна за многумина, а неговите цени вртоглаво скокнаа. Имено, цената беше под влијание на лошата жетва на…

September 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Европската инвестициска банка отвора претставништво во Скопје

Владата на Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска потпишаа Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје. Овој…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?