Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитровска: Констатиравме дека картата на синот на премиерот НЕ е платена со државни пари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Димитровска: Констатиравме дека картата на синот на премиерот НЕ е платена со државни пари
МАКЕДОНИЈА

Димитровска: Констатиравме дека картата на синот на премиерот НЕ е платена со државни пари

Објавено October 14, 2024 23:15
Сподели
Сподели

Од целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции за патувањето во Вашингтон и во Њујорк и дека не е платено ништо за синот на премиерот, посочи вечерва претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска.

-Кога го отворивме овој предмет, имавме единствена цел да утврдиме дали претседателот на Владата, вршејќи ги своите надлежности, службена должност и јавни овластување, ги има прекршено законот и Уставот, односно дали со спроведеното дејствие има остварено своја лична корист или корист на некое друго лице. Врз основа на целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции, односно дополнително беше обезбедена документацијата за патување на физичко лице, во случајов синот на премиерот, од каде што констатиравме дека од буџетот на државата не се платени трошоци за физичко лице, рече Димитровска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Од документацијата која ја имаме добиено, додаде, авиобилтетите за физичкото лице се платени во готово, имаме прилог фискални сметки. Резервацијата не е извршена од ниедна државна институција, додека за сместувањето е издадена фактура со потпис и печат дека е платено во готово и гласи на физичкото лице.

-Од целокупната документација која ја обезбедивме од буџетските корисници, од трансакциските сметки на тие институции, вклучително и амбасадата, утврдивме дека такви средства не се исплатени на физичко лице. Дали фактурата што има печат „пеид“ е веродостоен документ, сепак не навлеговме во правната регулатива на државата што ја има издадено таа фактура. За нас е доволен доказ, со сите алатки што ги применивме, да потврдиме дека буџетски средства не се користени за приватни цели, во случајов за патување на синот на премиерот, прецизира Димитровска.

На настанот во Њујорк, како што кажа, било патувано со јавен превоз, со воз, за што, додаде, имаме прилог фактура и секако документација дека е платено.

-Платено е за таквиот превоз, што значи дека исто така и за оваа релација од Вашингтон до Њујорк не е платено од буџетот на државата за синот на премиерот, потенцира Димитровска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пукање во Чаир, повредено едно лице
Следна Статија Бајден го предупреди Иран дека обидот за убиство на Трамп би бил чин на војна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Осми март го наполни Охрид со гости

Празничниот викенд го исполни Охрид со гости, пред се припаднички на понежниот пол од нашето соседство кои допатуваа за тука…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гевгелија ќе се поврзе со Солун за само 30 минути, Николоски откри кога ќе биде готова брзата пруга

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски денес беше во посета на Гевгелија. -Се надевам дека градоначалникот ќе победи уште…

October 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнуваат пообилни врнежи од дожд и од снег

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот од денес попладне (вторник 23 декември) па до четврток (25 декември) во…

December 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Живковски: Нашата цел е катастарот да стане пример за ефикасна, дигитална и транспарентна институција

Агенцијата за катастар на недвижности има амбициозна цел – да прерасне во модерна, целосно дигитализирана институција која ќе овозможи брзи,…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?