Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доаѓа голем снежен бран на Балканот и во Македонија, се очекуваат обилни снежни врнежи!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Доаѓа голем снежен бран на Балканот и во Македонија, се очекуваат обилни снежни врнежи!
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа голем снежен бран на Балканот и во Македонија, се очекуваат обилни снежни врнежи!

Објавено December 19, 2024 18:04
Сподели
Сподели

Под влијание на многу ладен циклон и низок воздушен притисок, секако поврзан со студена воздушна маса од север, а циклонскиот систем ќе биде со центар над Средоземјето, од утре попладне (20 Декември) па се до 24 Декември (Вторник) во Македонија ќе има пообилни врнежи, кои најпрво на пониските места ќе бидат од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег, каде снежната покривка на планините и на Скијачките центри значително ќе се зголеми, и таа до 24 Декември во вечерните часови локално ќе изнесува близу 100 сантиметри, особено на оние поголеми надморски височини, најавува Славчо Попоски.

Поради веќе споменатиот продор на многу поладен воздух од север, од сабота, а особено во почетокот на следната седмица врнежи од снег ќе има во најголем дел од Македонија, и истите ќе бидат обилни, па така снежна покривка ќе се формира на многу пониски места (градови). Во источните предели ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри, локално и повеќе, додека во западните предели таа ќе биде најголема и ќе биде со висина од 10 до 20 сантиметри, а понекаде и над 30 сантиметри. Помала снежна покривка се очекува да се формира и во Скопје и околината.

Сето ова ќе биде проследено со засилен повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).

Што се однесува до температурите, тие од овој викенд значително ќе опаднат, а дополнително опаѓање на температурите се очекува од понеделник па натаму и минималните температури на воздухот на многу места во Македонија ќе бидат под нулата, додека максималните температури исто така на многу места ќе се задржат до околу, понекаде и под нулата.

Поради силниот ветер кој се очекува да дува, се очекува појава и на снежни наноси, особено на повисоките и на планинските места, како и на Скијачките центри.

Со оглед на ваквата временска состојба, доколку патувате кон планинските превои, се препорачува да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради очекуваните обилни снежни врнежи и големата снежна покривка која се очекува.

Од овој голем снежен бран ќе биде зафатен најголем дел од регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aлбански боксер се пофали дека претепал Срби и Руси во кафеана
Следна Статија Мицкоски: Важно е што во ЕУ се слуша поинакво мислење, самите членки се изморени од објаснување зошто пристапниот процес не треба да се билатеризира, туку европеизира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Стратешка грешка беше прифаќањето на т.н. Француски предлог

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашањето од Митко Трајчулески од СДСМ, за неисполнетите…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Давидовиќ: ДЗС нема надлежност за инспекција на угостителски објекти

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, ви случајот „Пулс“…

March 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Да се реши хаосот со ЈСП: Владата обезбеди нафта од државните резерви

Владата се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје. На денешната вонредна седница…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка

Денес стоиме пред вас со голема гордост и амбиција, развојот на нови авиолинии не е само техничко прашање, туку стратешка…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?