Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доделени околу 80% од ваучерите за купување инвертер клими
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Доделени околу 80% од ваучерите за купување инвертер клими
ЕКОНОМИЈА

Доделени околу 80% од ваучерите за купување инвертер клими

Објавено November 7, 2024 23:43
Сподели
Сподели

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека успешно е реализиран процесот на доделување на ваучери за купување инвертер клими, со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата низ целата држава. До 15 часот, беа доделени над 80% од предвидените 6.182 ваучери. Благодарение на внимателното планирање и целосната ангажираност на тимот на Министерството, процесот се одвива непречено и ефикасно, со што на граѓаните им се овозможи брзо и лесно подигнување на ваучерите.

Во рамки на процесот на доделување, до 16 часот, само во Скопје беа доделени над 1.400 ваучери или над 75% од вкупниот број. Иако на почетокот на денот беше забележана зголемена посетеност на граѓани, доделувањето се одвиваше непречено и во поголемиот дел од денот немаше долги редици пред СЦ Борис Трајковски.

Во согласност со предвидената динамика, доделувањето успешно се спроведува и на другите 30 локации низ Македонија, каде што граѓаните можат лесно да ги подигнат своите ваучери за купување и инсталирање на инвертер клима уреди.

Според првичните информации од тимовите на Министерството, во повеќето градови како Струга, Радовиш, Штип, Кичево и други, граѓаните подигнале над 90% од ваучерите, што е доказ за успешноста на овој начин на дистрибуција на ваучерите.

Во изјава за медиумите министерката за енергетика, Сања Божиновска, нагласи дека Министерството ги отвори сите предвидени локации низ Македонија, со цел да се обезбеди брза и безбедна дистрибуција на ваучерите и додаде: „Во Скопје, ваучерите се доделуваат во салата ‘Борис Трајковски’, во Битола – во спортската сала ‘Боро Чурлески’, а во останатите градови – во соработка со Агенцијата за вработување. Со оваа мерка, обезбедуваме значителна финансиска поддршка за домаќинствата, а посебно се фокусираме на ранливите категории потрошувачи.“

Дополнителна флексибилност е овозможена за граѓаните кои нема да можат да ги подигнат своите ваучери веднаш, тоа да го направат директно во Министерството до крајот на месецот.

Министерката Божиновска го истакна значењето на мерката за енергетска ефикасност, нагласувајќи дека оваа програма со вкупен износ од 155 милиони денари не само што придонесува кон подобрување на животниот стандард, туку и кон заштита на животната средина преку намалена потрошувачка на електрична енергија.

Министерството останува достапно за сите дополнителни прашања, при што редовни информации за тековните активности се објавуваат на нашата веб-страница и преку отворени телефонски линии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зибери: Условите во затворот „Идризово“ се алармантни
Следна Статија Трамп објави дека Сузи Вајлс ќе биде шеф на кабинетот на Белата куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Минималната плата в година се зголемува на 24.400 денари?

Според актуелните движења на параметрите со кои се формира минималната плата, таа следниот март во 2025 година се очекува да…

November 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во 2028 година Македонија ќе биде лидер во инфраструктурата во регионот

На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот, истакна во вечерашното гостување во…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кока-Кола именува нов главен извршен директор Хенрике Браун

Извршниот потпретседател и главен оперативен директор на Кока-Кола, Хенрике Браун, ќе стане главен извршен директор на 31 март.

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада вложуваме максимални напори тоа да биде реализирано

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по одржувањето на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?