Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Донираните автобуси во ЈСП ќе „остарат“ паркирани, уште чекаат на каско осигурување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Донираните автобуси во ЈСП ќе „остарат“ паркирани, уште чекаат на каско осигурување
МАКЕДОНИЈА

Донираните автобуси во ЈСП ќе „остарат“ паркирани, уште чекаат на каско осигурување

Објавено January 17, 2025 19:20
Сподели
Сподели

Два месеца поминаа, а сѐ уште стојат гаражирани шесте донирани еколошки автобуси, кои според најавите на церемонијата на примопредавање, требаше за една недела да станат дел од јавниот превоз на Скопје. Кко што стојат работите, автобусите нема да возат по скопските улици најмалку до крајот на месецов.

Во моментов тие сѐ уште не се осигурани, па поради тоа не можат да се пуштат во сообраќај.

ЈСП „Скопје“ објави јавен оглас на кој бара понуди за каско осигурување на шесте возила, кој е во тек и ќе трае до 23 јануари. Дури после тоа ќе се отворат пристигнатите понуди, па следува законскиот период за жалби, што значи автобусите паркирани ќе го дочекаат и февруари, ако дотогаш не се открие дали недостасува уште некој потребен документ пред тие конечно да се пуштат на редовните линии.

Во очекување на понудите од осигурителните компании, од ЈСП вообичаено не се огласуваат да соопштат зошто толку долго се одолговлекува со процедурите. Особено што јавно е познато дека секој нов автобус му е неопходен на претпријатието, во услови кога располага со стар и „проретчен“ возен парк.

Од понеделник учениците се враќаат на училиште, а поминаа и празниците кога масовно се „спојуваа“ неработните денови, па чекањето по автобуските постојки и метежот во автобусите ќе се врати по старо. Кога нема друго, и шесте автобуси ќе значат минимално олеснување на моменталната состојба.

Инаку, уште по самото примопредавање на автобусите донирани во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“ се појавија помали, но и поголеми грешки во документацијата што во изминатиот период требаше да бидат отстранети.

Едноподните автобуси на компримиран природен гас, произведени од турската компанија „БМЦ“, пристигнаа со налепници на кои беа воочени правописни грешки на албански и на македонски јазик, па беа изготвени нови кои, како што соопштија од Министерството за животна средина, ќе бидат заменети пред нивното пуштање во употреба.

Но, поголем проблем настана поради грешки во документацијата што се однесуваат на погрешен број на шасијата на еден од автобусите како и бојата на автобусите, каде што наместо црвена била впишана сина боја.
Поради тоа, на последната седница на Советот на Град Скопје, одржана кон крајот на декември, беа повторно изгласани две одлуки за надминување на овој проблем, едната е Одлука за изменување на Одлуката за примање донација од УПОС, а другата за изменување на Одлуката за пренесување на правото на сопственост на шест автобуси со компримиран природен гас на ЈСП Скопје, со кои се решаваат овие грешки во документацијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Маж нападнал студент во Нови Сад, извадил нож
Следна Статија Два случаи на голема кашлица во Скопје: Заразени 5-месечно бебе и 4-годишно дете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во српската амбасада во Скопје отворена Книга на жалост за несреќата во Нови Сад

Амбасадата на Република Србија во Скопје соопшти дека во нејзините простории, на ул. „Питу Гули“ 8, за јавноста е отворена…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Лим падна сред патека на „Партизанска“

Скопјанка на социјалните мрежи алармира за небезбедноста на патека на најфрекфентниот булевар „Илинденска“. Таа, сподели за случка која се случила…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓоко Ристов не бил присутен на претресот кога му беа најдени заѕиданите 350 илјади евра

Од саботата попладне кога во Неготино во домот на родителите на Апелациониот судија Ѓоко Ристов зад ѕид од цигли и…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Поради манифестации за Бадник дел од улиците во Скопје утре ќе бидат затворени

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре на подрачјето на град Скопје каде по повод Христијанскиот празник Бадник  ќе се…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?