Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дополнетиот предлог на буџетот за 2025 утре на собраниска седница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дополнетиот предлог на буџетот за 2025 утре на собраниска седница
ЕКОНОМИЈА

Дополнетиот предлог на буџетот за 2025 утре на собраниска седница

Објавено December 9, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Во Собранието се очекува утре да почне расправата по Дополнетиот предлог на буџет на Република Македонија за 2025 година, како дел од дневниот ред на 22-та седница.

Амандманската расправа за Предлог буџетот заврши на 29 ноември, а во Дополнетиот предлог на буџетот се вградени прифатените амандмани и потребните изменувања и дополнувања.

Согласно Деловникот за работа на Собранието, претресот по Дополнетиот предлог на буџетот на седница на Собрание трае најмногу пет дена. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на Владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Со Предлог буџетот се предвидува раст на економијата од 3,7 проценти и според Владата, тој е развоен, поткрепен со планирани средства за капитални инвестиции, проекти на општините и поддршка на стопанството.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарда денари. Буџетскиот дефицит, пак,со апсолутен износ од 41.350 милиони денари или 4 проценти од планираниот БДП.

Инфлацијата се очекува да се намали на 2,2 процента како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, забавувањето на странската ефективна инфлација и поумерениот притисок од базичната инфлација. За извозот проекции за раст од 4,2 отсто, а за увозот од 4,4 проценти.

За капитални инвестиции се планирани 50,5 милијарди денари, како и 349,6 милијарди денари за тековни расходи, како  исплата на плати, на пензии, социјални права, субвенции во земјоделството, поддршка на мали и средни претпријатија, на ранливи категории граѓани и за стопанството…

Расходите за плати се на ниво од 48,1 милијарда денари и бележат раст од 8 проценти, а за стоки и услуги 26,2 милијарди денари со намалување од 0,5 проценти во структурата на вкупните расходи. За исплата на пензии се планирани 105,5 милијарди денари со кои се обезбедуваат средства за најавеното зголемување на пензиите за 2.500 денари од март следната година. За надоместоци за социјална заштита околу 14,5 милијарди денари, за паричен надомест во случај на невработеност 1,6 милијарди денари, а за спроведување активни политики и мерки за вработување 2,3 милијарди денари. Повеќе средства се обезбедени за здравствена заштита, односно 52,5 милијарди денари или за 10,7 проценти повеќе. Поддршката во земјоделството е планирана на ниво од 8 милијарди денари, додека трансферите до единиците за локална самоуправа на ниво од 33,2 милијарди денари или за 2,5 милијарди денари повеќе.

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера на прес-конференција соопшти дека за краток период од половина година Владата успеала да ја консолидира економијата и оти според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ(БДП) во третото тримесечје од 2024 година (јули, август и септември), пораснала за 3  проценти. Очекува раст сличен и повисок во четвртиот квартал (октомври-ноември-декември) од 2024, со што, рече, би се доближиле на годишно ниво од 3 проценти, „што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти“.

За кратко време имаме плус 3 проценти на БДП и рекордно ниво на странски инвестиции за кои до крајот на годината очекуваме да биде повеќе од 1 милијарда евра. Можам да кажам дека опоравувањето е на задоволително ниво, секогаш може подобро и ќе се стремиме да биде подобро и ќе биде подобро, истакна Мицкоски. 

Собранието го донесува Буџетот најдоцна до рокот утврден со закон. 

На дневен ред на 22. седница е и Предлог законот за извршување на Буџетот за 2025 година (по скратена постапка).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес со јачина од 3,5 степени во Словенија
Следна Статија Бајден: Асад треба да сноси одговорност, САД ќе соработуваат со партнерите во Сирија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе продолжиме со градба на вакви комерцијални објекти, а со самото тоа ќе се интервенира во цената на метар квадратен

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска при доделувањето на станови за социјално загрозени семејства изјави дека и во…

February 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час ипол

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД…

November 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска на конфереција во Црна Гора: СЕПА – двигател на конвергенцијата со ЕУ

Вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, учествуваше на панел дискусијата „СЕПА и земјите од Западен Балкан: Катализатор за приближување кон…

June 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка

Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави Мицкоски,…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?