Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државен завод за ревизија: Централен регистар ги лажирале финансиските извештаи за 2023 година!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Државен завод за ревизија: Централен регистар ги лажирале финансиските извештаи за 2023 година!
Blog

Државен завод за ревизија: Централен регистар ги лажирале финансиските извештаи за 2023 година!

Објавено February 11, 2025 11:37
Сподели
Сподели

Со извршената ревизија за работењето на Централниот регистар утврдени се неправилности, вклучувајќи продажба на патнички моторни возила без согласност од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи и нефункционирање на одредени регистри. Дополнително, утврдени се проблеми со долгови, неправилности во вработувањето и законски недоречености кои влијаат на ефективноста на институцијата.

Ова е објавено во конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на Централен регистар на Република Македонија.

ДЗР извршил ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Централен регистар на Република Македонија, за 2023 година, при што изрази неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

– Со извршената ревизија утврдена е несоодветно воспоставена сметководствена евиденција на дел од градежните објекти со набавна вредност од 186.635 илјади денари, кои на Централен регистар, му се доделени со извршената трансформација на поранешниот Завод за платен промет. Причина за оваа состојба е несоодветниот третман на градежните објекти како државна поддршка, што влијае на искажаните податоци во финансиските извештаи, се наведува во денеска објавениот извештај.

Несоодветно евидентирање е утврдено и кај завршените вложувања во изградба и реконструкција на градежни објекти во износ од 15.185 илјади денари, за кои не се преземени активности за ставање во употреба, иако, се подвлекува во извештајот, Централен регистар објектите ги има во владение и поседува имотен лист. И по изминати пет години откако е набавен мебел со вредност од 1.360 илјади денари, истиот не е ставен во употреба, поради што постои ризик да се оштети и да изгуби од својот квалитет.

Ревизорите, стои во соопштението од ДЗР, утврдиле дека во деловните книги не е евидентирано земјиштето на кое е изграден административниот објект Палата „Лазар Поп Трајков“ и кое со Одлука на Владата во 2013 година е доделено на трајно користење на шесте државни институции. За ова земјиште по завршување на ревизијата, законскиот застапник презел активности и истото е воведено во евиденцијата на Централен регистар.

– Извршена е продажба на патнички моторни возила без да се обезбеди согласност од Владата, со примена на интерен Правилник, кој не е усогласен со постапка за отуѓување предвидена во Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, соопштија од ДЗР.

Во 2023 година, Централниот регистар остварил приходи од 367.738 илјади денари за извршените услуги поврзани со упис, обработка и дистрибуција на податоци, при што за овие услуги наплатувал соодветен надоместок утврден со Тарифа од Управниот одбор, по согласност од Владата. Меѓутоа, ревизијата утврдила дека податоците за бројот и видот на извршените услуги не се во согласност со искажаните приходи во сметководствената евиденција, што ја доведува во прашање точноста и целосноста на прикажаните приходи. Главни причини за ова, стои во извештајот, се недостаток на софтверско решение за поврзување на извршените услуги со наплатениот надоместок, отсуство на контроли при евидентирањето на приходите и примената на попусти или бесплатни услуги во одредени случаи.

Во извештајот ревизорите известуваат за несервисираната обврска за долгорочен стоков кредит во износ од 1,4 милиони евра, односно 86.093 илјади денари, која произлегува од Договор од 2007 година склучен со Министерството за економија, за користење на дел од средства одобрени од Меѓународната банка за обнова и развој, во рамки на Проектот за реформа на деловното опкружување и институционално зајакнување, кој требало да биде отплатен заклучно со октомври 2021 година. По насоки од Владата, во 2020 година формирана била работна група за утврдување на статусот и третманот на обврската, но сѐ уште не е донесен конкретен заклучок за постапување.

Исто така, утврдени се неусогласености на одредбите од Законот за Централен регистар и Законот за административни службеници во делот на пресметка на платите на вработените административни службеници. Утврдени се и неправилности во спроведувањето на постапките за вработување на административни службеници.

Според извештајот на ДЗР, постојат законски недоречености во однос на дефинирање на статусот на Централен регистар на Република Македонија, определување на вредност на основна главнина, прецизно назначување на носител на право на сопственост (основач) и начинот на финансиското известување, кои влијаат врз начинот на вршење на дејноста.

Во извештајот е истакнато дека три од воспоставените регистри и тоа: регистар на задолжници, фидуцијарен регистар и регистар за продажба на подвижни ствари со задржување на право на сопственост не функционираат во пракса и од истите не се остваруваат приходи и покрај тоа што има создадени технички можности и услови за нивно користење.

– Како причина за нефункционирањето на овие регистри се наведува неприменувањето на задолжница/договори за обезбедување на побарувања во должничко доверителските односи во пракса. Констатирани се и други состојби, неправилности и неусогласености од различна природа кои се однесуваат на: нецелосно извршен попис на средствата и обврските, несоодветно пресметување на амортизација на средствата, не преземени активности за законско отуѓување на расходуваните средства, иако истите се отстранети од сметководствената евиденција, не е воспоставено следење на имплементацијата на проектите согласно донесената Стратегија за развој 2023 – 2027 година, се вели во извештајот од ДЗР.

За надминување на констатираните состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Барањата САД да ја сменат политиката кон Македонија во првиот мандат на Трамп не успеале поради „бескорисните“ секретари Тилерсон и Помпео
Следна Статија Мицкоски: Инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката за електрична енергија за над 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Европејците масовно ја напуштаат платформата X на Маск

Според новиот извештај од социјалната мрежа X, во сопственост на Илон Маск, Европејците масовно ја напуштаат платформата. Најновите податоци објавени…

April 30, 2025
Blog

Биткоинот повторно вреди околу 100.000 долари

Биткоинот повторно се приближи до 100.000 долари, откако податоците за инфлацијата во САД, која е пониска од очекуваната, беше меѓу…

January 16, 2025
Blog

Светската трговска организација ја намалува прогнозата за раст на трговијата за 2025 година и предупредува на голем пад

Светската трговска организација (СТО) значително ја намали прогнозата за глобалната трговија со стоки, предвидувајќи пад од 0,2 отсто оваа година…

April 17, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Јарец – четврток, 6 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот е дозиран со мошне енергија за внатрешна трансформација и нови почетоци, Јаречани. Во вашиот…

February 6, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?