Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДСЗИ предложи покренување постапка за стручен надзор за лекувањето на седуммесечното бебе кое почина на Клиниката за детски болести
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДСЗИ предложи покренување постапка за стручен надзор за лекувањето на седуммесечното бебе кое почина на Клиниката за детски болести
МАКЕДОНИЈА

ДСЗИ предложи покренување постапка за стручен надзор за лекувањето на седуммесечното бебе кое почина на Клиниката за детски болести

Објавено December 19, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предлага Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето.

Од извршениот вонреден инспекциски надзор констатирано е дека на Детската клиника сѐ уште не е решен проблемот со задолжителното присуство на специјалист во дежурната амбуланта, за што се води прекршочна постапка, како и дека медицинската документација се креира од страна на доктори кои не се присутни на работа за што од страна на ДСЗИ е издадено решение чии рокови течат.

ДСЗИ на ден 17 и 18 декември 2024 година изврши вонреден инспекциски надзор во врска со починатото седуммесечно бебе на ЈЗУ УК за детски болести – Скопје и врз основа на извршениот увид во медицинска документација – истории на болест, упати и специјалистички извештаи и изјавите од докторите кои учествувале во лекувањето, констира дека седуммесечното бебе првпат во ЈЗУ УК за детски болести – Скопје било донесено на ден 9 декември 2024 година заради висока температура и осип по целото тело од пред една недела. Првично, детето е прегледано од страна на специјализанти, во консултација со доктор специјалист и упатено е на дополнителни испитувања на Инфективна клиника, Клиника за дерматовенерологија и во Биохемиска лабораторија при Детска клиника. По добиените резултати и препишаната терапија, испратено е на домашно лекување со насока за контрола кај матичен лекар и по потреба на Детска клиника, појаснуваат од ДСЗИ.

На 11 декември, во вечерните часови, детето повторно било донесено на Клиниката и заради влошената клиничка слика, хоспитализирано е на Одделот за неврологија. Креирани му се упати за повеќе испитувања, а на 13 декември заради натамошно влошување на здравствената состојба, трансферирано на Одделот за интензивна нега и терапија.

По стабилизирање на состојбата, повторно е вратено на Одделот за неврологија, каде престојувало неколку часа, по што повторно е вратено на ОИНТ, каде се направени дополнителни радиолошки, ехогравски и други лабораториски испитувања, што укажуваат на тешка општа состојба на детето, што во вечерните часови на ден 15 декември 2024 година, завршува со егзитус, додаваат од Инспекторатот.

Од ДСЗИ информираат дека ќе биде издадено решение со наредба за почитување на одредбите од член 226 од Законот за здравствената заштита за прием на пациенти прегледани како итни случаи. Како што додаваат, доколку прием не е извршен, установата е должна да издаде писмено образложение за причините за одбивањето на приемот за болничко лекување.

Наведената законска обвска е казнива согласно член 306 од Законот за здравствената заштита, заради што ДСЗИ ќе спроведе нова постапка за порамнување према правното лице ЈЗУ УК за дтески болести како и против одговорното лице во устрановата, потенцираат од Инспекторатот.

Откако во јавноста излезе веста за смртта на бебето, директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди рече дека биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој рече дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите
Следна Статија (ВИДЕО) Тошковски се огласи за бегството на Груби: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муртезани: Немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција

Одговорно тврдам дека немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција, истакна министерот за европски прашања Орхан…

February 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Амбасадата на САД во Скопје го симна знамето на половина копје

Американската амбасада во Скопје, го симна знамето на половина копје, во знак на сочувство за трагедијата во Кочани. „Кочани“, стои…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хидрантни приклучоци имаме, но цревата се чуваат заклучени затоа што некој постојано ги краде

Откако во јавноста осамна информацијата дека клубот Пулс едвај и да имал некој пп апарат за да се гаси пожарот,…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Животот нема цена: На матурска вечер без автомобил!

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во рамки на кампањите за зголемување на безбедноста во сообраќајот, започна…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?