ДУИ останува без портпарол – Бујар Османи ќе заминува во Турција?

- Advertisement -

Во ДУИ во моментов владее една хаотична атмосфера, која уште повеќе се влошила по бегството на Артан Груби кој во позадина ги влечеше сите конци, и организациски и кадровски. Се говори и дека се случувало во партијата да нема кој да напише ниту дневно сооштение, пишува „Република“.

Сегашното раководство ни оддалеку нема капацитет да одговори на барањата на ДУИ како најголема опозициска партија, која до пред само седум месеци жареше и палеше во Македонија.

Се шушка и дека голем дел од видните членови на ДУИ веќе преминуваат во партиите од коалицијата Вреди. Еден од нив е довчерашниот портпарол на Владата Мухамед Хоџа кој наводно преминал во партијата на Изет Меџити, Демократско движење.

„Република“ му испрати порака на Хоџа дали навистина заминал од ДУИ, но не добивме одговор.
За заминување од Македонија наводно размислувал и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Османи, кој по професија е доктор сакал својата кариера да ја продолжи на некоја од клиниките во Турција.

Сподели ја оваа статија