Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Упатуваме апел до Премиерот да ги прекине заканите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Упатуваме апел до Премиерот да ги прекине заканите
ПОЛИТИКА

ДУИ: Упатуваме апел до Премиерот да ги прекине заканите

Објавено December 8, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Премиерот на нелегитимната влада денес повторно јавно се закани на политичката активност на политичките партии, злоупотребувајќи ги државните институции за да ги задуши политичките и етничките гласови на незадоволство, со цел ширење на страв преку инструментите на државата, реагираа од ДУИ.

„Овие техники на политички закани и прогон , користени во најмрачните периоди на комунизмот, нема да успеат. Албанците низ вековите израснаа под вакви закани од полицијата и државниот апарат, чија цел беше потиснување на политичкиот активизам. Но, историјата докажала дека овие напори никогаш не успеале да ја спречат нашата волја за правда и еднаквост

Сите аргументи укажуваат дека нашите загрижености за јазикот се реални и базирани на факти. Затоа и постои широка мобилизација, надвор од партиските линии, за да се спречат обидите кои ја загрозуваат иднината на државата. Упатуваме апел до Премиерот да ги прекине заканите и неговата разединувачка и провокативна реторика. Не можете да исплашите никого, а најмалку народ кој отсекогаш бил подготвен да се жртвува за правда и еднаквост“, соопштија од ДУИ.

Претходно, Мицкоски рече дека во среда нема ништо да се случи, одговарајќи на прашање за седницата на Уставниот суд за Законот за јазиците. Тој рече дека ДУИ намерно прави поделби и етнички тензии.

-Единствената тема со која ДУИ се присутни во јавност е да направат поделба по етничка основа, ги третираат само етничките прашања, не можат да наметнат тема ниту да привлечат луѓе кои ќе ги поддржат. Се обидоа со таа нивна зелена агенда, но не успеаја… Во среда нема ништо да се случи, има процедури, подготвителни седници и така натаму, но тие повторно ги злоупотребуваат Албанците, Македонците и ги малтретираат со обид на поделба и со обидот да привлечат внимание.

Затоа ги молам сите граѓани, да бидат спокојни. Ова е изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомневања дека постои огромен криминал, кој набрзо ќе почне да се обелоденува. Без разлика колку се жилави и колку се борат, ќе ги поразиме, и едните и другите, и слугите и овие другите – порача тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Македонските граѓани се разочарани од ЕУ, но останува наша стратешка цел
Следна Статија Димитровски: Проблемот со загадувањето се решава мултисекторски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Милошоски: СДС и ДУИ им подарија инструмент во рацете на Бугарија за блокада на патот кон ЕУ

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски каде…

October 8, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Време е Карпош да добие нова енергија, време е за посветеност и одговорност

Сотир Лукроски е вистинскиот избор за Карпош. И него го знам колку што се знам себе си. И најдобро знам…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога (ФОТО)

Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога. Ова се фотографии…

February 2, 2025
ПОЛИТИКА

Али Ахмети се повлекува од политиката по локалните избори? Одлуката е блиску, ќе биде соопштена наскоро, објави албански медиум

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, сериозно размислува и е блиску до одлука да се повлече од политиката, објави вечерва порталот…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?