Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дуковски: Зошто Обвинителството побaра само одземање на пасошот на кумот на Заеви, а сомнежот е за организиран криминал?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дуковски: Зошто Обвинителството побaра само одземање на пасошот на кумот на Заеви, а сомнежот е за организиран криминал?
МАКЕДОНИЈА

Дуковски: Зошто Обвинителството побaра само одземање на пасошот на кумот на Заеви, а сомнежот е за организиран криминал?

Објавено October 21, 2024 23:03
Сподели
Сподели

Струмичкиот бизнисмен, Ристо Крмзов осомничен за затајување на данок и регистрирање на фантом фирми преку кои цицал од државниот буџет со поврат на лажен ДДВ, е дома без пасош, а за телесна повреда луѓе завршуваат во притвор. Дел од адвокатите кои работат кривични постапки се чудат на однесувањето на Обвинителството кое за кумот на Заеви побара да остане само без пасош со оглед на тоа што се работи за организиран криминал и штета на државната каса од над 14 милиони евра, објавува Алфа телевизија.

Не можам реално образложение да најдам зошто не се води постапка против некој друг, затоа што тие институции се многу битни за вршењето на кривичното дело. Човек надвор од тие институции не може да го направи тоа кривично дело, а тој првиот што е врв на пирамидата поминува само со мерки за претпазливост што исто така е многу чудна работа, вели за Алфа адвокатот Сашко Дуковски.

Засега Обвинителството води предистражна постапка за Крмзов. Тој е сослушан во Судот минатиот месец додека УЈП и МВР му ги претресуваа фирмите и становите. Покрај него, Обвинителството сослушало уште тројца, но тие веднаш се пуштени и не стигнале ниту до Судот. Ниту тогашната директорка на УЈП, ниту директорката на Централен регистар, никој не е опфатен во предистрагата иако е очигледно дека Крмзов без поддршка на институциите не можел да регистрира фиктивни фирми и да зема лажен ДДВ.

На прашање на Алфа што прави Обвинителството за организиран криминал во врска со случајот, одговорија кусо. Обвинителот презема дејствија.

Предметот за кој покажувате интерес е во предистражна постапка и по него активно постапува предметниот обвинител преземајќи дејствија во насока на расчистување на случајот, велат од Обвинителство.

И државниот обвинител во гостување на јавниот сервис веднаш по претресите не беше сигурен дека има доказен материјал за струмичката империја на Крмзов направена преку криминална шема. Било многу рано за да може да знае.

Според информациите, над 8 милиони евра се префрлани на сметки во Турција од фирмите на Крмзов коишто се задолжувале во пропадната банка Еуростандард.

Крмзов веројатно имал спрега и со Јавното Обвинителство чии предмети за поранешен сомнеж за криминал биле чувани во фиока. Ако не било така, упатени коментираат дека и немало да дојде до милионската штета во Еуростандард Банка.

Воедно, истрагата ја вклучува и Царинската управа каде за еден камион увезена роба се плаќало царина од само 1.500 евра, а за истата роба во последниот период по смена на раководството на Царинска управа, се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки. Фрапантно е како директорите на УЈП, Сања Лукареска, потоа директорите на Централен Регистар и тогашна Царинската управа останале слепи на ваквиот криминал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Првиот човек на ФФМ остана без дипломатски пасош
Следна Статија Ветеринарна комора повикува на смиреност, ИЈЗ со препораки за заштита по појавата на птичји грип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

Нема да има реконструкција на Владата, туку само смена на министри, информираат од Владата за МИА по синоќешната изјава на…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на четиридневната…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија

Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија. Вајц, кој доаѓа од Европските зелени,…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За нас секогаш Македонија била света работа, горда, исправена – нашата борба е таа да биде повторно ваша

Претедателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоcки вечерва на трибина во Прилеп, пред граѓаните даде отчет за сработеното…

June 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?