Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЗР: Клиниката за дерматологија нема евиденција за лекови за ретки болести во вредност од 600.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ДЗР: Клиниката за дерматологија нема евиденција за лекови за ретки болести во вредност од 600.000 евра
ЗДРАВЈЕ

ДЗР: Клиниката за дерматологија нема евиденција за лекови за ретки болести во вредност од 600.000 евра

Објавено January 30, 2025 11:19
Сподели
Сподели

Слабости во управувањето со лековите за ретки болести, финансиското управување и недостиг на ефикасност во реализацијата на договорените здравствени услуги се утврдени со ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија.

– Изразено е неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 година за сметката за средства од фондот 737, додека за сметката за сопствени приходи 531 изразено е мислење без резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 година, стои во соопштението.

Утврдени се повеќе слабости кои се однесуваат на управувањето со лековите за ретки болести во Клиниката. Потребните лекови од добавувачите преку Програмата за ретки болести ги набавува и нарачува Министерството за здравство, каде е воспоставен и електронски регистар за нивно евидентирање. Утврдено е дека нема сметководствена евиденција на примените и потрошените лекови за ретки болести и не е направен попис за нив. Во текот на 2023 година примени се лекови во износ од 37.434 илјади денари, а во интерните рачни евиденции на клиниката се прикажани издадени лекови во износ од 27.394 илјади денари што е помалку за 8.843 илјади денари во однос на евидентираните во регистарот.

Во текот на ревизијата направен е попис и побарани се податоци од пациентите за видот и количината на лекови кои ги имаат подигнато од Клиниката, а поради природата на болеста ги немаат потрошено. Притоа е утврдено дека пациентите располагаат со лекови во вредност од 31.748 илјади денари, од кои 39 отсто се лекови со поминат рок.

Фондот одобрил условен надоместок за 2023 година на Клиниката за набавка на апарати и специфични лекови во износ од 13.000 илјади денари. Утврдено е дека потребата за оваа набавка не е резултат на доставени предлози од страна на стручниот колегиум. Притоа набавени се два ласери во вредност од 9.995 илјади денари, кои до денот на ревизијата не се ставени во употреба. Исто така за вршење на дополнителни услуги со нив не е добиена согласност на ценовникот од страна на Министерството, особено што поголем дел од услугите кои може да се вршат со овие апарати се од естетска и козметолошка природа и не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување.

Во рамки на спроведената ревизија истакнато е клучно прашање во врска со неисполнувањето на законските обврски за обезбедување вистинско и ефикасно купување на здравствени услуги, како што е предвидено во Законот за здравствено осигурување.

– Согласно член 69 од Законот за здравствено осигурување, Фондот за здравствено осигурување има обврска да обезбеди средства за купување на здравствени услуги од јавните здравствени установи (ЈЗУ), со договорен надоместок утврден според критериумите на Одлуката за утврдување на буџетот на здравствените установи. Фондот е исто така задолжен да обезбеди средства за целосно функционирање на тие ЈЗУ кои не можат да остварат доволен обем на услуги во рамките на договорениот надоместок, во кој спаѓа и Клиниката, се вели во соопштението. 

Во 2023 година обемот на услуги се намалил во споредба со 2022 година, додека договорниот надоместок бил зголемен.

Податоците од системот „Мој Термин“ покажуваат дека услугите на Клиниката ги користат помал број на пациенти и се реализирани значително помалку услуги од планираните термини и расположливите капацитети.

– Во делот на Останати прашања е известено за Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при Министерството, кои не се воспоставени во целост, како и за ненаплатените побарувања од Министерството за здравство за извршени здравствени услуги по програми за здравствена заштита во износ од 1.319 илјади денари, чија наплата е неизвесна, се наведува во соопштението од ДЗР. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Финансиска поднесе кривични пријави против правно лице од Струмица, го оштетил буџетот за над 13 милиони денари!
Следна Статија Денеска пристигнала дел од терапијата што недостасуваше на Онкологија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogЗДРАВЈЕ

Зошто е важно навечер пред спиење да се напиете чаша вода

Good web design has visual weight, is optimized for various devices, and has content that is prioritized for the medium.…

September 22, 2024
ЗДРАВЈЕ

Одобрено обвинението за фиктивни тендери и присвоени лекови на Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра

Кривичниот суд го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, за…

July 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пристигнаа кремите за изгореници и лепенки за повредените во Кочани, првата група од утре заминува на Пониква

Пристигна првата пратка на креми за апликација на изгорениците, а стигнаа и лепенките кои пациентите ги бараа, изјави денеска д-р…

June 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Без положен испит со години вработувани административци во ИЈЗ

Извештајот на Државниот управен инспекторат треба да ги потврди или отфрли сомнежите дали во Институтот за јавно здравје со години…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?