Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еден од девет смртни случаи кај децата до една година е поврзан со загаденоста – ќе се протестира на 10 декември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Еден од девет смртни случаи кај децата до една година е поврзан со загаденоста – ќе се протестира на 10 декември
МАКЕДОНИЈА

Еден од девет смртни случаи кај децата до една година е поврзан со загаденоста – ќе се протестира на 10 декември

Објавено December 3, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Во вторник, на 10 декември, во 16 часот ќе биде одржан протест поради загадениот воздух.

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ која го најави протестот, соопшти дека ќе почне од Министерство за животна средина, па преку Собранието ќе заврши пред Владата.

„Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Тоа изнесува 17.7% од вкупната смртност во државата. Овие честички се поврзани со широк спектар на здравствени проблеми, како што се белодробни заболувања, срцеви удари и рак на белите дробови. Особено загрижувачки е дека еден од девет смртни случаи кај деца до една година во Македонија е поврзан со загадениот воздух! Загадувањето во Скопје и другите градови во Македонија со години е проблем на сите жители, а со тоа и на секоја власт. Колку побрзо се почне со спроведување мерки кои меѓусебно се надополнуваат и си го зголемуваат позитивниот ефект врз квалитетот на воздухот – толку побрзо ќе го решиме овој долгогодишен проблем“, велат од граѓанската иницијатива.

Од надлежните институции, Владата и општините, бараат да преземат итни и среднорочни мерки за справување со загадувањето на воздухот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трендафилов: Потребно е предвремено пензионирање, наплата на социјалните придонеси, а не зголемување на пензиската граница
Следна Статија Вработен го тужи „Епл“: „Нивните практики се ужасни“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост: Секој изгубен живот остава трага во општеството

Премиерот Христијан Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Амбасадата на Република Србија во Скопје, изразувајќи сочувство до семејствата…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР доби нова форензичка опрема за поефикасни истраги на кривични дела

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше извршено примопредавање на опрема за поефикасна истрага на местото на настанот во кривични…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Национални шуми превентивно расчистуваат терени и прават обрачи против пожари

Вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“ активно расчистуваат шумски терени и поставуваат заштитни обрачи со механизација, во обид да се…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?