Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Епски пресврт на ПСЖ против Сити, Феенорд го нокаутира Баерн (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Епски пресврт на ПСЖ против Сити, Феенорд го нокаутира Баерн (ВИДЕО)
СПОРТ

Епски пресврт на ПСЖ против Сити, Феенорд го нокаутира Баерн (ВИДЕО)

Објавено January 23, 2025 09:07
Сподели
Сподели

Епскиот пресврт на ПСЖ против Манчестер сити и победата на Феенорд над Баерн ги обележаа вечерашните натпревари од седмото коло во Лигата на шампионите.

„Паркот на принцовите“ во Париз не паменти пресврт каков што вечерва направија „светците“.ПСЖ за 30 минути постигна четири гола и од 0:2 дојде до 4:2.

Ако прво полувреме беше здодевно, второто беше спектакуларно.

Започна со голот на Грилиш во 50.минута, а кога три минути подоцна Халанд зголеми на 0:2, малкумина веруваа дека ПСЖ ќе моѓе да го избегне поразот.

Одговорот на „светците“ беше брутален. Три монути по голот на Халанд, Дембеле го намали резултатот, а во 60.минута Баркола изедначи на 2.2. Домашните се растрачаа, а гостите делуваа загубено на теренот.

Пресвртот го комплетираше Жоао Невеш во 78.минута, а точка на големата победа стави Гонзало Рамош во 96.минута.

Со овој триумф ПСЖ скокна на 22.место на табелата со 10 бода, колку што имаат и Бенфика, Спортинг и Штутгарт. Сити сега е надвор од плејоф зоната. Со осоум бода „граѓаните“ се 25. на табелата.

Во Ротердам Феенорд го нокаутираше Баерн со 3:0 Три контри и три гола, може да биде краткиот опис на она што се случуваше на теренот. Баерн цело време играше на противничката половина, но играчите на Феенорд знаеја како да го користат празниот постор.

Хименез ги постигна првите два гола, во 21. и во деветтата минута од судиското надополнување на времето од пенал. Апсолутен трагичар е Португалецот Гереиро, кој влезе на теренот кога се повреди Дејвис, а 60 секунди подоцна направи прекршок за пенал. Точка на големата победа на Феенорд стави Уеда во 89.минута.

Феенорд со 13 поени се наоѓа на 11. место, Баерн со бод помалку е 15. на табелата.

Резултати:

Лајпциг – Спортинг 1:0 (1:0)
/Шешко 19, Поулсен 78 – Џокереш 75/

Шахтјор – Брест 2:0 (2:0)
/Кевин 18, Судаков 37/

ПСЖ – Манчестер Сити 4:2 (0:0)
/Дембеле 56, Баркола 56, Невес 78, Рамос 90+3 – Гралиш 50, Халанд 53/

Милан – Џирона 1:0 (1:0)
/Леао 37/

Реал Мадрид – Салцбург 5:1 (2:0)
/Родриго 23, 34, Мбапе 48, Винисиус Жуниор 55, 77 – Бидструп 85/

Арсенал – Динамо 3:0 (1:0)
/Рајс 2, Хаверц 66, Одегард 90/

Селтик – Јанг Бојс 1:0 (0:0)
/Бенито 86 аг./

Спарта – Интер 0:1 (0:1)
/Мартинез 12/

Феенорд – Баерн 3:0 (2:0)
/Хименез 21, 45+9, Уеда 89/

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема повисоки плати за функционерите
Следна Статија (Видео) Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Калифорнија, наредена е евакуација: „Изгледаше како да возиме во пеколот“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ивановски освои сребрен медал, македонското знаме го развеа среде Атина

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски освои сребрен медал во полумаратонската трка во Атина, која од годинава се…

March 9, 2025
СПОРТ

Ракометарите на Вардар имаат нов тренер, доаѓа од Аргентина

Актуелниот селектор на Аргентина, Гиљермо Милано ќе седне на клупата на најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 и најмалку до…

October 30, 2024
СПОРТ

ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го поништи денеска натпреварот од 28 коло во Втората Македонска фудбалска лига меѓу Кожуф и…

May 16, 2025
СПОРТ

Што има во магичната таблета на Ноле?

Новак Ѓоковиќ се бореше за пласман во осминафиналето на Австралија опен со Томаш Махах, а иако резултатски се е совршено,…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?