Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еуроњуз: Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Еуроњуз: Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето
ХРОНИКА

Еуроњуз: Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Објавено January 12, 2025 18:20
Сподели
Сподели

Повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Euronews денеска пишува дека најпогодена од загадувањето на воздухот е Македонија, а по неа Србија. Се посочува дека земјава има највисока стапка на смртност како последица на загадувањето на воздухот.

Албанија, Бугарија и Црна Гора исто така се наведуваат како земји со високо ниво на загадување.

Во 2021 година, Светската здравствена организација (СЗО) ги ажурираше своите упатства за квалитетот на воздухот, намалувајќи го препорачаниот праг за годишни концентрации на азот диоксид и мали честички (PM2.5), како што се прашина, чад и саѓи од издувните гасови.

Во декември лани, Европската унија усвои построги правила за квалитетот на воздухот, со цел да ги приближи своите стандарди до препораките на СЗО до 2030 година.

Овие правила ги обврзуваат земјите-членки редовно да ги следат ПМ честичките, јаглеродот и амонијакот што се ослободува во воздухот.

Како што се посочува во текстот на Euronews, периодов сите земји членки на ЕУ пријавуваат повисоки нивоа на азот диоксид од оние што ги препорачува Светската здравствена организација.

Според извештаите на Европската агенција за животна средина, изложеноста на PM2.5 честичките предизвикало околу 239.000 предвремени смртни случаи во Европа во 2021 година, додека уште 48.000 луѓе починале како резултат на изложеност на азот диоксид.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исчистен е патот од снег кој води до ски центарот Пониква
Следна Статија Полицајци ја пронашле малолетничката од Скопје по која се трагаше

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинение за даночна афера тешка над 6,5 милиони евра

По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 10…

April 7, 2026
ХРОНИКА

Рашковски фатен на граничен премин со 20.000 евра во кеш

Македонската царина при претрес на возилото го фатила поранешниот генералниот секретар на Владата , Драги Рашкоски со кеш пари, 20.000…

September 5, 2025
ХРОНИКА

Засилени контроли на скопските улици: Тошковски со апел да се однесуваме одговорно

Полициските контроли засилено почнаа да се одвиваат на скопските улици, особено по несреќата во која загина 22-годишната Фросина. Министерот Тошковски…

February 6, 2025
ХРОНИКА

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во две приватни училишта и музеј во Скопје

Во две приватни училишта и музеj во Скопје утрово пристигнале електронски пораки за поставени бомби, информираат од Секторот за внатрешни…

November 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?