Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европол: 41 процент од криминалните организации користат недвижен имот за перење пари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Европол: 41 процент од криминалните организации користат недвижен имот за перење пари
СВЕТ

Европол: 41 процент од криминалните организации користат недвижен имот за перење пари

Објавено January 22, 2025 15:17
Сподели
Money Laundering
Сподели

Организираниот криминал и криминалот воопшто заработуваат огромна сума на пари, додека конфискацијата на имотот стекнат со криминал во светот е исклучително ниска.

Поконкретно, се претпоставува дека агенциите за спроведување на законот успеваат да запленат само два отсто од годишната заработка на криминалците од незаконски активности. Останатите 98 отсто, како што предупредува Европол, обезбедуваат гориво за организираниот и друг вид криминал за да продолжи ширењето на таквите активности.

Европол предупредува и дека најопасните криминални мрежи во ЕУ користат недвижности како еден вид „мастер шема“ за перење на сите незаконски и неоданочени профити, а претпоставката на Европол е дека 41 процент од криминалните организации користат недвижен имот за перење пари. Поради сето горенаведено, стана очигледна потребата од започнување на проектот A. S. S. E. T. (Asset Search & Seize Enforcement Taskforce), чија главна задача е претрес, идентификација и одземање на имот стекнат со криминални активности.

Во проектот се вклучени повеќе од 80 финансиски експерти од целиот свет, чиј домаќин беше Европол. Ним им се придружија 43 агенции за спроведување на законот од 28 земји, како и разни меѓународни операции, вклучувајќи ги Европравда и Интерпол. Целта на проектот беше размена на информации за идентификации и замрзнување и конфискација на криминални средства на сите можни начини. Беа проучувани и нови начини на работа и шеми што се користат во перење пари.

Во текот на нивната заедничка работа, вештаците успеале да идентификуваат 53 имоти за кои постои сомневање дека се купени со пари од криминални активности, при што е утврдено дека осум од нив се во вредност од 38,5 милиони евра.

Дополнително, откриени се 220 банкарски сметки, од кои една со 5,6 милиони долари, 15 фирми користени како фронтови за перење пари, повеќе од 20 јахти и луксузни возила, при што е утврдено дека четирите запленети транспортни средства вредат над 600.000 евра.

Откриени се и 83 адреси и паричници на криптовалути, а замрзнати се 200.000 евра криптовалути.

Колку е важно запленувањето на криминалните средства покажува неодамнешната акција на Европол против нарко-картелите, кога беа запленети 27 милиони евра во криптовалути.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Toшковски најави функционален систем за управување со кризи
Следна Статија Доктор, адвокат и уште четири лица учествувале во измама во Македонија, МВР откри детали

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

НОВ РЕКОРД: Во ЕУ живеат 450,4 милиони луѓе, еден милион повеќе од минатата година

Европската Унија моментално има 450,4 милиони жители, 1.070.702 повеќе од претходната година, што претставува четврта година по ред во која…

July 13, 2025
СВЕТ

Шокантни слики од Газа, два милиони луѓе умираат од глад: Од децата останаа само скелети

Комесарот на Агенцијата на ОН (UNRWA), Филип Лазарини, денеска изјави дека колега му рекол: „Луѓето од Газа не се ниту…

July 25, 2025
СВЕТ

На авион на „Ер Канада“ му се запали моторот при слетување (ВИДЕО)

Авион на „Ер Канада“ принудно слета на меѓународниот аеродром Халифакс Стенфилд, откако синоќа доживеа дефект на опремата за слетување. Авионот…

December 29, 2024
СВЕТ

Предизвици и иновации во развојот на вештачката интелигенција: Случајот на xAI

Внатрешен поглед во развојот на чет-ботот Grok од страна на Илон Маск

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?